Мерките за енергетска ефикасност се насочени кон оптимизирање на постоечките системи и вложување во нови енергетско ефикасни системи за задоволување на барањата и потребите. Заштедата во еден систем може да се случи да биде незначителна, но комбинираната заштеда во повеќе системи навистина не може да остане незабележана. Дел од мерките кои се превземаат по ова прашање се прифатливи од финансиска гледна точка и нудат враќање на направената инвестиција за краток период. Некои мерки се финансиски интензивни и за нив е потребен подолг период на враќање на вложените финансиски средства.
Доколку се сака навистина да се постигне енергетска ефикасност, од голема важност е да се внимава и работи на следните активности:
– штедење на енергија и пари
– зголемување на ефикасноста
– заштита на околината
Во зависност од примената, се употребуваат следните системи за ладење:
– кондиционирање на воздух со примена на сплит клима уреди
– вентил конвектори (во големите системи)
– клима комори (во големите системи)
– модуларни единици со помал капацитет, со директна експанзија кои се слични на домашниот фрижидер.
– централизирани постројки за ладење, за температурен опсег над 5 C°. Тие можат да се користат за создавање на резерви на мраз
и сл.
Фактори кои влијаат на перформансите и енергетската ефикасност на постројките за ладење се:
– конструкција на изменувачите на топлина
– одржување на површината на изменувачите на топлина
– примена на повеќе степени системи со цел подобрување на ефикасноста
– прилагодување на капацитетот на оптоварувањето на системот
– контрола на капацитетот и ефикасноста на енергијата
– повеќе степено ладење за потребите на постројката
– складирање на ладната вода
Добри практики за енергетска ефикасност при експлотација и одржување на системите за ладење:
– примена на програм за одржување на ефикасноста на ладилниот уред
– работа на уредот на номинално оптоварување, со цел заштеда на енергија и намалување на трошоците
– кондензаторската вода бара обработка пред нејзина употреба, со цел спречување од корозија и песок кои би ја спречиле ефикасноста и би ги оштетиле цевките
– со намалување на температурата на водата која влегува во цевките на кондензаторот, може да зголеми ефикасноста на уредот
– протокот на вода низ кондензаторот треба да се регулира, бидејќи премногу малиот притисок создава струење, а преголемиот може да предизвика вибрации, бучава, ерозија на цевките.
– важно е да се одржува нивото на средство за ладење, да не се дозволи негово истекување, како и присуство на воздух и влага
– еднаш годишно се препорачува да се направи контрола на маслото за подмачкување, да се замени ако е потребно, бидејќи истото има големо влијание на ефикасноста.
Leave a Reply