Во минатите постови пишувавме многу за придобивките од соларните системи. На нив обрнувавме најмногу внимание бидејќи можат да се користат и во куќните инсталации, се посавуваат најчесто на кровната конструкција, што значи не завземаат од вашиот простор и за извор на енергија го користат сонцето што е достапно насекаде. И денеска ќе пишуваме за обновливите извори на енергија, но ќе пишуваме за придобивките од моќта на ветерот и како размислуваат стручните луѓе од оваа област во светот. Ветерот исто како сонцето е присутен насекаде околу нас но со различна моќност, но доколку се искористи неговиот потенцијал, ќе се изненадиме од резултатите кои ќе ги добиеме.
Нашата планета има повеќе од доволно моќ во ветерот за снабдување со електрична енергија на целиот свет, покажуваат резултатите од најновите студии. Научниците размислуваат само на практичниот аспект, односно што се би се добило доколку тоа се спроведе, но не размислуваат и на финансискиот аспект, напоменуваат останатите стручни лица од оваа област. Според нив изградбата на сите неопходни турбини и системи за пренос на енергијата до сите корисници би била премногу скапа. Истражувачите пресметале дека постоечката технологија на турбината, може да произведе стотици трилиони вати електрична енергија, што е повеќе од десет пати поголема од количината која моментално му е потребна на светот.
Користењето на енергијата на ветерот не емитува штетни гасови, како што е во случајот со согорувањето на мазут, нафта или природниот гас. Сепак, во други истражувања се поставува прашањето дали физичката ограниченост би можела да спречи светот да ја искористи енергијата на ветерот.
Утврдено е дека ветерот има потенцијал да произведе 20 пати повеќе енергија од количината која моментално на светот му е потребна. Кога на сите постоечки турбини би се направиле уште 100 повеќе, потребите за енергија на светот би биле задоволени, тврди Марк Џејкобсон, професор по градежништво на универзитетот Стенфорт. Истражувањата укажуваат на нешто пониски енергетски потенцијал на ветерот, но количината и понатаму е повеќе од доволна за да ги покрие моменталните потреби на човештвото. Џејкобсон напиша дека почетните трошоци и субвенции за користење на фосилните горива го отежнувале користењето на енергијата на ветерот.
Ниската цена на природниот гас е уште еден фактор кој штети за развој на системот кој го користи енергијата на ветерот. Но овој факт според тоа како се движат работите во тој правец нема да ја издржи својата веродостојност уште долго време.
Освен тоа, сите неопходни турбини би завземале преголема земјина површина, а би било неопходно и драстичното зголемување на бројот на далеководи за пренос на електричната енергија.
Како и да е човештвото ќе биде приморано да размислува малку по еколкошки и да се свртува кон обновливите извори на енергија, зошто светот кој ние го знаеме забрзано се менува и доколку не се превземат драстични мерки, ќе ги сносиме последиците. Бесплатна енергија има насекаде околу нас, само треба да ја приспособиме за нашите потреби. Потребно е да се вложи малку повеќе труд во овој сегмент.
Leave a Reply