Сакате ли да го оптимизирате користењето на енергијата во вашиот дом, а со тоа и да не ја плаќате скапо истата? Следете ги советите опишани подолу и ќе ја забележите разликата.
Целиот свет се соочува со проблемот на искористување на електричната енергија, како истата најефикасно да се користи и притоа најекономично да се регулира плаќањето. За почеток е доволно сериозно да се замислиме и да почнеме да ја штедиме енергијата, со помош на неколку едноставни и применливи совети во секое домаќинство.
Со штедење на електричната енергија ги намалуваме трошоците во домаќинството, заштедуваме енергија за идните генерации и влијаеме на намалување на загадувањето на животната средина.
Во продолжение би ги навеле основните и примарни совети кои може да ги применува секој, независно уредот кој го користи за грееење и ладење во својот дом.
Постојат четири периоди во текот на едно деноноќие, кога навистина сме во можност да влијаеме на количината потрошена енергија.
1. Веднаш по станувањето – веднаш го вклучувате уредот за греење и/или ладење и во периодот додека сте дома, ја постигнува саканата температура.
2. Започнува новиот ден – првите моменти пред заминување на работа, ги поминувате во температура која вам ви одговара, но по заминувањето доколку сте во можност намалeте ja температурата или пак комплетно исклучeте ги уредите кои трошат електрична енергија, сепак тие не се потребни кога не сте тука.
3. Времето поминато во домот – по враќањето дома, ја вклучувате саканата температура и откако ќе ја постигне температурата, потрошувачката на енергија во периодот кој следи се намалува.
4. Време за спиење – најефикасно е во собите каде нема да има никој во текот на ноќта да се намали температурата (или пак целосно да се исклучи греењето или ладењето), додека во вашата спална соба да ја прилагодите како вам ви одговара, препорачана е температура од 18°C.
Следните чекори на кои може да се внимава е секако изборот на грејните тела во вашиот дом и да се размислува како на долг рок да се обезбеди ефикасно и економично искористување на енергијата. Во тој поглед се препорачува да се одберат грејни тела кои би ја користеле соларната енергија, како што се соларните рамни и вакуумски колектори.
Следно би биле електричните конвектори или пак ефикасните котли на пелети кои имаат долг век на живот и ефикасно загреваат големи површини. Клима уредите, посебно оние со инвертер технологија се уреди кои имаат двојна улога, загреваат и ладат и секако со нивното поставување, не зафаќаат голем простор во вашите домови.
При изборот на секој од наведените уреди, важно е да се внимава на правилното поставување, односно на нивното позиционирање во вашиот дом. Тоа се однесува на следните неколку елементи:
– соларните колектори да се постават на вашите кровови, на места каде има најголема достапност на сончевите зраци во текот на целата година
– со изборот на бојлерите со 2 спирали, се отвара можност да се користат 2 извори на енергија (сонцето и некој од веќе постоечките како што се котел, радијатор и сл.)
– да се избегнува поставување на радијаторите или конвекторите каде има завеси кои можат да го покријат или да ја намалат ефикасноста на искористување
– колку што е можно порационално да се користат регулационите инструменти, како што се термостатите со прилагодување на температурата и со тоа регулирање на истата.
– кога ги поставуваме клима уредите во домот, секако дека треба да се одбере место кое може да го разнесува топлиот/ладниот воздух до просториите за кои примарно истиот е поставен.
Запаметете дека се околу вас е ЕНЕРГИЈА и трудете се вашиот избор да бидат енергетски ефикасни уреди и апарати.
Понекогаш некои многу мали и едноставни чекори може да доведат до големи резултати.
Поврзано со темата:
За кого греењето со инвертер клима уред е одличен избор?
Заштедете со греењето на ниско температурните пумпи Daikin Altherma
Како може да се заштеди со пумпите на Wilo?
Камини со систем на дување на топол воздух: Технички карактеристики
Marjan says
Blagodaram sto se trudite da ne informirate i zapoznaete so ovie ednostavni i mnogu korisni soveti koi sekoj poedinec treba da gi znae.
Kako sto vikaat Amerikancite: KEEP THE GOOD JOB!
Pozdrav i se najdobro