И самите сме сведоци за градежната експанзија што се случува насекаде околу нас. Поради тоа архитектите мораат да излегуваат со најнови решенија за да се справат успешно со новите предизвици. Во последно време на светскиот пазар многу актуелно е решението, една зграда да произведува сама енергија за своите потреби. Во тој поглед можеме да се надоврземе и ние со нашите солуции и погледи за овој проблем. Денеска ќе зборувамe за така наречени фасадни сончеви колектори, каде што можеме да заклучиме и самите од името, се монтираат на фасадата на постоечкиот објект.
Генерално сончевите топлински системи се користат за загревање на санитарна вода. Кога станува збор за примени кои вклучуваат загревање на простор, кај урбани градежни објекти, хотели, регионални системи за загревање, не секогаш се присутни соодветно ориентирани покривни површини, достапни за монтирање на сончеви колектори. Во тој случај при мотирање на колектори на веќе постоечки покриви (рамни или коси) многу често сончевиот систем формира нзависно тело кое не е составен дел на архитектурата. Тоа е и една од најголемите причини за неприфаќање на сончевите системи од страна на некои архитекти и проектанти. Затоа за се постигне поголем пробив на пазарот, потребно е да се развие систем со кој ќе се овозможи интегрирање на колекторите во фасадата на градежните објекти.
Во принцип, интегрирањето на сончевите топлински колектори во фасадите сеуште е многу ретко, но се очекува дека во блиска иднина многу ќе ја зголеми потенцијалната област достапна за монтирање на сончевите топлински колектори. Што се однесува до основните естетски критериуми сончевите системи нудат огромен спектар на идејните решенија. Производителите се обидуваат да одговорат на сите барања на архитектите. Па токму поради тоа денеска на пазарот можат да се најдат повеќе типови на незастаклени и застаклени, обоени сончеви топлински колектори за фасадно интегрирање.
Leave a Reply