
ЗАШТЕДА НА CO2 СО ИНСТАЛИРАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ
Во екот на зимската сезона не може а да не се спомене загаденоста на воздухот во овој период. Честичките кои се во воздухот се во голем дел од времето над дозволеното, и влијаат на глобалното затоплување. Кое е сериозен проблем и бара брза реакција, без одложување. Секој ден стануваме посвесни за опасноста која и се заканува на планетата Земја и на нас како нејзини жители.
Тоа е тесно поврзано со јаглероден отпечаток. Термин кој се користи како кратенка за вкупната емисија на стакленички гасови, потенцирајќи на јаглеродниот диоксид, емитивуани во атмосферата. Може да се претстави и како резултат на потрошувачката на електрична енергија, природен гас или масло за греење.
Јаглеродниот отпечаток на некој начин покажува до кое ниво се зголемени климатските промени и според тоа може да се донесе заклучок колкави се еколошките закани со кои се соочува човештвото денес. Последеците од тоа се топење на мразовите, зголемување на нивото на водата на океаните, а следствено на тоа и зголемување на поплавите. Притоа поголемото присуство на јаглерод дисоксид го отежнува дишењето на човекот, особено на вулнерабилните групи. Поради ова се зголемува бројот на хронични и белодробни заболувања.
Мерните станици покажуваат и понатаму лоша состојба со аерозагадувањето во нашата земја. Затоа неизбежен е фактот дека треба се превземат радикални мерки.
Предлагаме решение со различен пристап од останатите! Една кратка анлиза може веднаш да ве наведе да размислувате како да го спроведете ова.
Фотоволтаичен систем…
Пресметките се врз базa на податоците колку CO2 се емитува во атмосферата во различни делови од Македонија, во зависност од начинот на снабдување со електрична енергија.
CO2 kоефициент на производство | |
Нафта за домаќинство | 330 |
Камен/јаглен | 394 |
Кокс | 467 |
Енергија од нуклеарна централа | 16 |
Електрична енергија од хидроцентрала | 7 |
Електрична енергија од термоцентрала | 1340 |
Според табелата може да се забележи највисок коефициент доколку се снабдуваме со електрична енергија од термоцентрала, како што е всушност е практика и во нашата земја. Доколку во даден објект се инсталира фотоволтаичен систем од 1кW, за една година ќе се заштеди речиси 1 тон на CO2, a доколку го земеме предвид експлоатацискиот век на системот, се предвидува заштеда од 25 тони на јаглерод диоксид.
Покрај намалената зависност од фосилни горива предности на производството на електрична енeргија од Сонцето се:
- Исплатливост
- Непосредна достапност
- Минимално одржување
- Намување на сметките за струја
Leave a Reply