Колку пати до сега ви се има случено да размислувате за решение на некој проблем, а решението да е пред вас само што не сте биле запознаени со целата тематика? Истото правило важи и за електрична енергија односно за греењето и ладењето. Дали сте се запрашале како да ги искористите природните услови околу вас а со тоа и да заштедите на енергија?
Еве неколку идеи како да ги намалите сметките за струја:
Kако да ги искористите природните услови што се околу вас?
Без разлика на тоа каде живеете секогаш може да искористите нешто околу вас со цел за да се заштеди на греењето. Пред некој ден наидовме на една статија за во Германија како се греело едно семејство. Бидејќи мажот останал без работа финансиските средства се намалиле и морале да изнаоѓаат алтернативи за греењето, а живееле на улица со многу дрвја мажот ги собира сувите листовите кои паѓале. Потоа ги сушел и ги ставал во специјални калапи за да добијат одредена форма. Како би можеле да се ставаат во котел на цврсто гориво. Во листовите додавал минимално количевство на лепило за чевли кое било многу ефтино на големо и било лесно запаливо. Потоа брикетите од листови кои ги добивал преку калапите ги користел како огревен материјал. Со тоа потрошувачката за огревен материјал значително му се намалила.
Да не одиме многу далеку бидејќи загревањето со брикети од листови има примена и кај нас, она што ни е потребно е калап. Тоа е само еден пример за економичност буквално од тоа што природата ни го дава во изобилство и тоа бесплатно.
Како да ја подобрите изолацијата на вашиот дом?
Во претходните постови пишувавме за тоа дека изолацијата е една од најдобрите инвестиции што некогаш ќе ја направите за својот дом. Доколку не сте во можност да ставите нова фасада, можете и со некои мали потези да ја зголемите енергетската ефикасност во вашиот дом. Не е потребно да бидеш експерт за да знаеш дека топлината во твојот дом најмногу се губи од прозорците и вратите. Најдобро решение за овој проблем е заменување на старите со нови изолирани PVC прозорци. Но, доколку не сте во можност тоа да го направите поради безброј причини, постојат специјални траки кои се ставаат околу прозорците и се намалува губитокот на топлината. Инвестицијата е минимална и можете самите тоа да го направите, а заштедата е значителна, т.е чувството во вашиот дом е многу попријатно.
Како да заштедите и да придонесте за околината?
Веќе општо познато е тоа дека последиците од прекумерното испуштање на јаглерод диоксид во атмосферата, почнавме да ги чуствуваме наголемо. Затоа светските организации прават големи напори да ја оставиме планетата Земја и на следните генерации погодна за живеење. Доколку и ние како единка го намалиме испуштањето на јаглерод диоксид во атмосферата придонесуваме за успешна реализација на овој глобален проект. Најмногу можеме да придонесеме со тоа што ќе користиме обновливи извори на енергија.
Произведувајте сами струја за ваши потреби.
Архитектите и инжинерите со здружени сили работат веќе подолг период во иднина да се градат објекти кои сами ќе произведуваат енергија за своите потреби. Доколку живеете на место каде можете да исполнувате одредени услови би можеле и самите да произведувате енергија за вашите потреби. Сончевата енергија е најдостапна и е бесплатна. Со поставување на сончеви колектори инвестицијата ќе се врати во период од 5-7 години, а воедно не сте ја загадиле животната средина. Доколку живеете во подрачје каде што константно дува ветер се отвора можност да поставите мини ветрогенераторна станица.
Со поставување на мини станица која произведува струја од ветер ќе ја намалите потрошувачката на енергија произведена од необновливи извори на енергија. Во последно време доста актуелно е и загревањето и ладењето со помош на геотермална енергија. Геотермална енергија се добива од подземните води и е целосно бесплатна. Доколку во вашиот дом ги инсталирате горе наведените системи, вие ќе станете енергетски независни и само во минимални количини, по потреба, ќе треба да користите конвенционална енергија.
Последиците од глобалното затоплување, и цените на енергенсите не принудуваат да се ориентираме кон некои малку поразлични начини на греење и добивање на електрична енергија. За да помогнеме во тој поглед ние наведовме неколку идеи кои доколку ги реализирате и ги примените во вашиот дом, емисијата на штетни гасови ќе ја намалите, а воедно и сметката за струја.
Leave a Reply