
Понекогаш неправилно користење на котелот доведува да тоа да вашиот котел повеќе троши. Повеќе работи и секако има пократок работен век. Една од причините за тоа претставува кондензацијата на котелот.
Работниот век на вашиот котел
Чест случај е да од котелот протекува вода. Многу инсталатери кажуваат дека тоа е нормално, а во реалноста – не е. Во овој случај не се работи за чиста вода, туку за кондензат кој потекнува од димните гасови. Оваа вода содржи сулфурна киселина која предизвукува корозија и е најчеста причина за протекување и пропаѓање на котелот. Меѓутоа, правилниот избор на котел со негово правилно инсталирање (т.е заштита од кондензација) се избегнува појава на кондензат. Додека пак работниот век на котелот значително се продолжува!
Ниско температурната корозија се јавува во оној момент кога температурата на враќањето на загреаната вода (повратот) е под точката на роса на димните гасови. Тогаш доаѓа до кондензација на водената пара, во димните гасови при што се јавува кондензат, т.е.вода која протекува од котелот.
За да ова не се случува, потребно е да се инсталира котел кој ќе ја зголемува температурата на водата која се враќа во котелот. Се постигнува прилично лесно и едноставно, со вградување на трокрак или четворокрак вентил.
Решение
Ние имаме решение поефикасно да се реши овој проблем со поставување на трокрак мешачки вентил од програмата на Giacomini R296, заедно со моторот со контсантна температурна регулација од Giacomini к275. Нивната улога е да ја сменат насоката на делот од водата од доводот накај повратот, со што се врши зголемување на температурата на водата која влегува во котелот. Со тоа го чува котелот од појава на ниско температурна корозија, а моторот К275 ќе ја одржува точно фиксна задена температура на повратната вода во котелот.
Редовното одржување на котелот е исто така многу важно во истрајноста на самиот котел. Често се случува да се направи слој од несогорени честици на ѕидот на котелот кои делуваат како изолатор. Го намалуваат степенот на искористеност на котелот и со самото тоа влијаат врз зголемена потрошувачка на котелот.
Доколку пак купувате нов котел немојте да купувате поголем котел од потребното „во резерва“ зошто тоа може скапо да ве чини. Преголем котел работи со пола моќност, т.е со помала температура на довод. Што е сигурен податок дека корозија ќе се појави, а за поголем котел ви треба и поголем оџак што во старт е поголема инвестиција.
Инвестицијата во овој рецепт секако не е голема! А доколку знаете дека со тоа ќе го продолжите работниот век на котелот за неколку години,тогаш сигурно е дека оваа инвестиција секако се исплати.
Leave a Reply