Сончевата енергија насочена е кон иднината. Соларните системи можат да го дадат својот допринос во заштита од климатски промени и намалување на потрошувачата на електрична енергија. Притоа да не се откажете од удобноста во просторијата. Модерните соларни системи се изработени од најквалитетните компоненти. Отпорни на ниските зимски темеператури, и високите летни. Ефикасно ја конвертираат соларната енергија во топлинска енергија за греење и топла вода.
Дали соларниот систем е е вашиот вистински избор?
За да може да си го одговорите прашањето првин треба да ги разгладаме следниве нешта:
-Дали имаме и дали сме го искористиле местото со многу сонце, за да поствување на сончевиот колектор?
-Колкав простор на располагање имаме за поставување на бојлери или бафери?
Ако одговорите на овие две важни прашања, време е да го направите вистинскиот избор.
Доколку не можете да се одлучите во кој тип на колектори да инвестирате, ние во продолжение ве потсетуваме на потребните информации и податоци со цел да ви олесниме при изборот на соларниот сет
Соларен сет со вакуумски цевки
Предностите во однос на рамниот колектор се :
- Страни на цевката и искористување на сончевите зраци
- Вакуумот е одличен изолатор
- Цевките се обложени со три апсорпциони слоја со цел да акумулираат поголема количина на сончеви зраци, односно топлина
- Во централниот дел од вакуумската цевка се наоѓа бакарна цевка во обликот на буквата ‘’U’’која во внатрешноста е исполнета со специјална течност гликол
- Цевките можат да се заменат индивидуално без прекин на работата на системот дизајнот на колекторската цевка овозможува поголема апсорпција од сите
- Не постои кондензација или корозија во цевките
- Погоден за интеграција во системите со централно греење со подно и ѕидно загревање и ладење
Соларните системи поради можноста за производство на санитарна топла вода и големиот степен на енергетска ефикасност стануваат примамливи за секој од нас. Во текот на летните и пролетните денови, каде соларните панели ги апсорбираат сончевите зраци, водата која ја загреваат е доволна за вршење на секојдневните обврски и задачи. Тоа значи дека во поголем број на месеци во годината, во домовите каде се користат соларните панели, нема потреба од користење на електрична енергија која дополнително би ја загревала водата. Согласно пресеметките од министерството за економија на Република Македонија.
Може да заштеди 2.400 KWh електрична енергија на годишно ниво или 13.000 денари во просек.
И годинава ќе бидат доделени субвенции за сончеви колектори. Министерството за економија го објави јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2017 година.
Право на учество ќе имаат граѓаните кои ќе ги купат и ќе ги вградат соларните системи во своите домови во периодот од 31 јануари годинава, кога е објавен огласот, заклучно со 31 август 2017 година.
Ѓорги Терзиев says
Почитувани,се викам Ѓорги Терзиев и живеам во Струмица.Би сакал да набавам соларен систем за топла вода и ме интересира колку тоа би чинело.Ги гледав цените на системите,но сакам да напоменам дека веќе имам бојлер со 2 изменувачи Sunsystem од 150 литри кој е во подрумот и е поврзан со парното, така да би требало само панел(1 или 2 ??? вие препорачајте) и дополнителните делови електроника ,пумпи цевки и слично. Би отишле повеќе цевки бидејќи од кровот до подрумот сигурно е околу 12 метри.Дали работите надвор од Скопје или имате партнер во Струмица и која би била цената на таква комбинација.Ви благодарам и поздрав.
Monika Misevska says
Почитуван,
Соларни колектори со вакуумски цевки 15 со цена од 17,260ден, и селективен колектор ECO 2,5м² 11 650ден.
Дополнителни делови цирулациона група за солар (единечна) 9,900ден.
Дифернцијален термостат 5,150 ден.
Соларно автоматско ввоздушно лонче 790ден.
Експанзиони садови 12л, 1,080 ден.
За монтажа доколку сте заинтересирани ке ви дадеме контакт од мајстори со кои соработуваме и за останатото ке се договорите.
СО почит Ваш Термо Систем