Во последниов перод се почесто и се применува комбинирано греење. Ова на прв поглед изгледа многу лесно за реализација, но во пракса со таа проблематика се занимава цела една индустрија.
Ние пишувавме за комбинација на радијаторско греење со подно греење но многу малку внимание посветивме на сетот без кој комбинираното греење не би можело да функционира. Денеска нашето внимание ќе го задржиме на мешачката група R557R – 1.
Самата функционалност на системот при старт е многу специфична, затоа што двата грејни системи бараат различни температури, односно радијаторското греење функционира на 90 степени додека пак подното греење на 45 степен. Оваа проблематика се решава на следниот начин.
На мешачката група се наоѓа термостатски вентил со сонда наменет специјално за системот за подно греење, кој ја мери температурата во истиот систем. Доколку температурата на системот за подно греење е пониска од потребната температура тој се отвара и низ него почнува да тече вода од системот за радијаторско греење. Кога системот за подно греење ќе ја достигне потребната температура, термостатскиот вентил автоматски се затвора, а со тоа престанува и протокот на топла вода во системот.
За да циркулира течноста во системот за подно греење потребна е пумпа. Мешачката група во својот систем има инсталирано Wilo циркулациона пумпа која пак е поврзана за електричен термостат K373 кој има функција да ја стартува и исклучува пумпата по претходно добиени податоци за температурата во системот. K373 термостатот, потребните информации за температурата во системот за подно греење ги добива преку специјална сонда која се поврзува со системот за греење.
Полнењето на системот се врши преку котелската славина. При полнењето на системот многу е битно сите модуларни колектори да се отворат максимално така да водата може непречено да се движи. Притоа се затвора вентилот кој се наоѓа на разделникот помеѓу системот за подно греење и радијаторско греење. Инаку полнењето преку котелската славина се врши на многу едноставен начин, се поставува цревото во котелската славина и се пушта млазот со вода.
Многу е битно и треба да се внимава при полнењето на системот да се испушти сиот воздух преку автоматското воздушно лонче.
За да се прицврсти цревото со модуларните колектори кои што се наоѓаат во касетата потребна е полуспојка.
Полуспојките кои се монтираат на почетокот и завршетокот на цревото, треба да бидат со навој наменет за ф18 пекс црево, доколку се работи за системот за подно греење, додека пак ако станува збор за за радијаторското греење со навој за ф16 црево. Односно модулите наменети за подно греење се препорачуваат за ф18 црево, што води кон тоа дека идеална дебелина за цревото наменето за подно греење е ф18. Оваа го потенцираме затоа што многу луѓе дали од незнаење или за да заштедат,
во системите за подно греење наместо цревото за подно греење инсталираат алумпласт со големина ф16.
Со горенапишаново се надеваме дека го објаснивме принципот на работа на мешачката група R557R – 1, како се инсталира и на што треба да се внимава.
Доколку постојат дополнителни прашања за мешачката група, отворени сме за соработка.
Leave a Reply