
1. Вентили од програмата на Giacomini кои имаат функција да го регулираат и стабилизираат притисокот во хидрауличното коло. Вентилот има прилагодлив излезен притисок, бронзено тело обложено со никел и приклучок за манометар во долниот дел на вентилот. Дизајнирани се да бидат отпорни на високи температури и имаат женски приклучок.
Големини: од 1/2″ – 2″
Видови: од 16bar – 25bar
2. Дигиталниот електронски термостат е исто така еден од новите уреди на Giacomini. Овој мерно-регулационен инструмент го контролира греењето и ладењето во постоечкиот систем. Монтажата на истиот е едноставна, лесно се монтира на ѕид, на дисплејот се покажува посакуваната температурата за греење и ладење. На него има копчиња за регулација на посакуваниот мод, поседува алкални батерии од 1,5V кои имаат век на траење од 2 години. Скалата за регулација на температурата е од 2 – 40° C. Максималната амбиентална температура изнесува 45° C.
3. Шестокракиот зонски вентил има намена да го снабдува системот од два различни извори на енергија. Примарната употреба на овој вентил е во системи каде двата различни извори мора да бидат управувани во исто време. Тука може да се спомене 4 цевниот систем со опција за греење и ладење. Овој зонски вентил ја овозможува и областа на исклучување (затварање). Зонскиот вентил има приклучок со навој, со големини од 1/2″ до 1″ и различни калибрирани отвори, зависно посакуваниот проток.
Leave a Reply