
Автоматиката за соларните системи
Во изминатите топли денови кога главна тема за разговор се сончевите колектори и нивната монтажа, треба да се обрне и значајно внимание на автоматиката за соларните системи. Контролата и мониторингот на целиот систем, има фундаментално значење за истиот со цел обезбедување на ефикасно и ефективно искористување на целиот систем.
За да започне еден соларен систем со работа мора да има дигитален соларен контролер, затоа што преку него се стартува целокупната работа на системот. Составен дел од соларниот контролер се три сонди. Едната сонда се врзува на соларниот колектор, додека другите две се врзуваат на горната и долната точка на бојлерот. Со помош на сондите дигиталниот контролер ги добива потребните информации и ги обработува податоците, за подоцна според нив да дава команда за работа на пумпата.
Ние во продолжение ја претставуваме нашата автоматика за соларен систем SR208C.
Составните елементи на овој контролер се следниве:Технички карактеристики на автоматиката:
Автоматиката со опциите кои ги поседува го заштитува системот од прегревање, со тоа што по претходно добиените податоци ја контролираат работата на пумпата преку која може да се лади или загрева системот. Доколку во системот се појави некое преоптоварување или била каква неправилна работа, автоматиката тоа ќе го регистрира и потоа автоматски го прикажува на дисплејот. Истото важи и за зимските денови кога со помош на неа системот се заштитува од евентуално замрзнување. Преку неа може да се подеси бараната температура на водата и таа температура ја одржува константно.
Опис на системот
Т3 е алтернативен сензор, кога нема инсталирано сензор (Т3) во резервоарот тогаш контролерот автоматски користи сигнал од сензор Т2 за контрола на греењето или циркулацијата на пумпата.
1 колекторска низа – 1 резервоар – 1 пумпа и помошно греење
Опис: Циркулирачката соларна пумпа (R1) штом ќе се појави температурната разлика ( Ton) помеѓу колекторската низа (Т1) и резервоарот (T2) се вклучува или исклучува во зависност. Ако температурната разлика помеѓу колекторската низа (Т1) и резервоарот (T2) падне под температурата за исклучување ( Toff), или температурата од резервоарот (T3) го достигне меморираниот максимум од температурата, тогаш циркуларната пумпа за соларен колектор (R1) се исклчува.
Во рамките на одредено време, делот на back-up греење, ако температурата е под T3 температура, тогаш циркулационата пумпа (H1) на back-up за греење се активира, T3 кога е загреан на switch-off температура, Н1 пумпа на back-up греење се прекинува.
T1: Температурен сензор за колекторската низа.
T2: Температурен сензор во горниот дел на резервоарот (опционален сензор).
T3: Температурен сензор за топла вода која циркулира низ цевка (опционален сензор).
R1: Соларна циркулациона пумпа.
Н1: Излез за back-up електричен греач.
Функции:
- DT F функции за Температурните разлики
Соларна циркуларна пумпа R1 се активира од страна на температурна разлика, се додека температурата на разликата помеѓу колекторот и резервоарот достигне вклучување на DT, соларна циркуларна пумпа е активирана. - THET Временско загревање
Електричен грејач, котел на нафта или плин, може да се вметне во соларниот систем како резервен систем, и притоа можат да бидат вклучени автоматски во соодветно време на соодветна температура. Со соодветна температурна селекција, ако соодветната температура (T3) на горниот дел од резервоарот опадне под тековната температура на вклучување од оваа функција, резервниот систем на грејачи се вклучува во работа, тогаш T3 се покачува до програмираната вредност на температурата, и притоа греењето се исклучува. Во период од 24 часа можат да бидат вклучени три временски секции.
-
TEMP Температурно главно мени
За секој систем, фабричките параметри се во најдобра состојба кога се целосно интегрирани во целиот сончев систем, но овие параметри, исто така, може да се дефинираат индивидуално за посебни барања:
–EM Итна колекторска температура |
Температура за итно исклучување на колекторт |
–CMX Максимална ограничена температура на колекторот |
–CMN Најниска температура на заштита |
–CFR Заштита од мрзнење на колекторот |
–SMX Максимална температура на резервоарот |
–REC Функција за реладење на резервоар |
–C-F Префрлање од Целзиусови во Фаренхајтови степени |
Се надеваме дека со следните совети ви ја опишавме накратко фукнцијата на една автоматика за соларен систем како и предностите добиени од нејзината инсталација во целиот соларен систем. Без неа едноставно целиот соларен сет не би можел да се регулира и да се следи неговата работа.
ve molam daj te mi cena za SR208
Cenata na difernecijalniot termostat iznesuva 5 150 denari.
Ве молам! дали имате сонда за колектор и колку е цената? колекторот ми е со панел и комбиниран бољер за соларно и парно.