Градите куќа или пак реновирате стан? Размислувате со кој систем на греење да се обезбедите? Сакате едноставен систем кој ќе ве загрее во текот на ладните зимски денови!Еден од начините за решавање на греењето во вашиот станбен објект е вградување на подна инсталација за греење.
За да се инсталира едно подно греење потребно е просторијата соодветно да биде изолирана. Изолацијата на подот во вашиот дом ќе придонесе за полесно и поефикасно загревање на самата просторија која се грее.
Подното греење со вода работи со цевки кои се наменети за подно греење и кои се поставени под подот. Низ тие цевки тече вода која е загреана и притоа ја оддава топлината кон подот. Водата се загрева со одреден извор на енергија која е на располагање, дали природен гас, котел на нафта, топлинска пумпа или електрична енергија.
Цревата наменети за подно греење се изработени од полетилен и уште ги нарекуваме како пекс црева. Најсовремените црева имаат и дополнителна заштита со антиоксигенска бариера. Таа бариера го спречува навлегувањето на воздухот преку микропукнатините на цревото која во допир со водата формира алги во внатрешноста на цревото.
Неопходни работи кои треба инсталатерот треба да ги снадби со целиот составен дел на материјали за подно греење во кои спаѓаат стиропорот (Ви го препорачуваме стиропорот за подно греење од програмата на Giacomini, со печурки, дополнителна изолација и двојно пресуван), цревото за подно греење ( Наш предлог: Полиетиленско црево за подно со антиоксигенска бариера Giacomini), адитив за подно (Адитив за заштита на цревото за подно греење, 1 литар), Мешачки вентил трокрак/ четворо крак и сите оние дополнителни фитинзи кои се потребни.
Пример за инсталација на подно греење;
Слики од веќе изведена инсталација на подно греење / РЕФЕРЕНЦИ
Leave a Reply