
Керамичките плочки, мермерниот под и гранитот се трајни подни подлоги, лесни за оддржување и скоро неуништливи. Покрај овие, тие имаат и многу други предности (разновиден дизајн што се нуди денес, заштита од вода и влага и сл.) Поради што често се одлучуваме за нив.
Сепак, овие подлоги се ладни подлоги и до неодамна се препорачуваа за поставување во простории во кои нема многу одење или стоење (ходник, бања, кујна)
Кога не се загреваат, овие подови се прилично ладни за боси нозе, без оглед на сезоната, но она што го смени начинот на размислување при одлучувањето за поставување керамички подни плочки во други простории е појавата на подно греење пред нешто повеќе од 20 години. Таквите подлоги (керамика, мермер, гранит) можат совршено да се загреваат со подно греење и под нив да се инсталира подно греење без никакви проблеми.

Кога инсталирате подно греење, треба да обрнете внимание на самата инсталација и видот на подното греење, во зависност од подната обвивка што ќе се користи. Во зависност од изборот, грејните кабли или грејните мрежи се поставуваат директно под плочките и со тоа се обезбедува топлина на подот, како и пријатна собна температура. Керамичките плочки брзо губат топлина, но исто така брзо се загреваат кога кабли, мрежи или цевки за греење се ставаат директно под нив.
Со развојот на нови технологии, овој проблем за регулирање на температурата е решен. Нова генерација на термостати наменети за регулирање на температурата на подот при поставување на подно греење. Овие термостати имаат сензори за температура кои се поставени во подот и со тоа прецизно ја регулираат температурата во секоја просторија одделно, на ниво на поставените вредности. Удобната температура на подот зависи од видот на подната обвивка, а за керамичките плочки и каменот е 26-29ºС. Правилниот избор на грејни цевки,кабли, мрежи и термостати е исклучително важен при инсталирање на подно греење.
Leave a Reply