Удобноста и комфорот во секој период од годината е еден од најважните услови за квалитетен и здрав живот. По завршување на работниот ден кој понекогаш знае да биде исцрпувачки и заморен, секој од нас индивидуално одлучува како да се одмори и релаксира. Некои денови тоа го правиме со едноставно одмарање во нашиот дом, поминување на заедничко време со нашите најблиски или уживање со добар филм или книга.
Без разлика на тоа како одлучуваме да го поминеме денот, нашиот дом е место каде секогаш треба да ни биде удобно и пријатно. Клима уредите се одлично решение за секаков вид на простор, тие на едноставен начин ни дозволуваат да го решиме прашањето со разладување на саканиот простор. Со цел да се подобри работата на клима уредите, се развила веќе познатата инвертер технологија која клима уредот го издигнува на уште повисоко ниво и го прави навистина баран и често употребуван уред.
Функцијата на инвертер клима уредот во ладните денови и неговата работа при ниски температури, го решава и нашиот проблем со загревање на домот. Со самото тоа, употребуваме еден клима уред кој ги задоволува нашите потреби во текот на целата година. Начинот на кој тој уред функционира е навистина едноставен и лесен, не ни одзема дополнително време и може да се постави во било каков простор. За разлика од класичните клима уреди кои со помош на далечинскиот управувач се подесува саканата температура, кај инвертерот имаме наколку различни брзини на компресорот по кои работи клима уредот.
Со користење на клима уред инвертер од програмата на Daikin се зголемува ефикасноста за 30%, се минимизираат температурните разлики и се намалува потрошувачката на електрична енергија. Климатизацијата со сите овие предности нас не ослободуваат од грижата за загревање во текот на ладните зимски денови, ни ги намалуваат обврските околу припремата за грејната сезона и сето тоа го чувствуваме во пониските сметки за електрична енергија.
Препорачаната температура и влажност на воздухот за да се има добри услови за работа зависат од тоа дали станува збор за летна или зимска сезона. Во летната сезона се препорачува температура од 27°C и 50% влажност на воздухот, додека во грејната сезона температура од 20°C и 50% влажност на воздухот. Овие параметри се европски пропишани, поставени со цел да се запази и обезбеди квалитетна средина во која се престојува.
Leave a Reply