
На 21 март 2023 Термо Систем во соработка со Аристон – Италија, организираше настан за презентација на новите топлински пумпи Nimbus Compact Net R32, во познатата винарија Попова Кула во Демир Капија.
На настанот присуствуваа соработници од цела Македонија, со кои долги години успешно соработуваме и ги препознаваме нивните потреби и барања. Особено не радува зголемената заинтересираност за инсталирање на топлински пумпи во домовите како и во деловните објекти.
По успешната презентација, денот продолжи со прошетка низ винаријата со водич , ручек и дегустација на вино.
Ни беше огромно задоволство што сме дел од ваков тип на презентации и продолжуваме со уште поголем елан во иднина.
Leave a Reply