Во предходните постови пишувавме за начините на греење, условите кои би требало да ги исполнувате за таков тип на греење, карактеристиките итн. Сега ќе ве доближиме поблиску до придобивките кои би ги имале доколку користите подно греење.
Подното греење до сега беше релативно слабо застапено на нашиот простор, а причините поради кои е тоа така се различни. Ние ќе се обидеме да ги истакнеме придобивките кои ќе ги добиете доколку се одлучите за него.
- Колку пати до сега ви се има случено колку и да е температурата на вашиот дом на задовлувачко ниво, вам ви е ладно на нозете. Со подното греење ова ќе стане ваше минато. Повеќе никогаш нема кога ќе влезете во вашиот дом прво да се нафрлите на собните обувки, туку ќе одите слободно.
- Уште од мали нозе барем повеќето од нас знаат дека во зимскиот период не треба да си играме на подот бидејќи ќе се разболиме. Оваа практика повеќе не мора да биде така. Со подното греење децата можат слободно да си играат на подот без притоа да се грижите да не се разболат.
- Не мора да дојде зимскиот период за да почуствуваме ладно на нозете. Застнете во било кое годишно време на плочките во бањата или во кујната со боси нозе и за кратко време ќе го напуштите тој простор. Со помош на подното греење ова повеќе нема да се случува .
- Повеќето грејни тела се ограничени во поглед на енергенсите што можат да ги користат за грееање. За разлика од нив подното греење може да се комбинира со секој енергенс кој може да ја загрева водата. Дали тоа ќе биде котел на цврсто гориво, на соларна енергија, на електрична енергија и.т.н оставаме на вас.
- Се добива неприкосновена, односно идеална удобност бидејќи топлината доаѓа од долу што не е случај со ниту еден друг начин на греење.
- Естетика бидејќи грејните тела не се видливи. Овој систем е доста користен во згради од историски и религиозен карактер каде намената не дозволува да постојат грејни тела кои ќе бидат видливи. Со помош на овој систем, просторијата останува онква каква што и притоа гарантира беспрекорен изглед.
- Безшумно работење на системот. За разлика од некои други системи за греење, подното греење е сосема безшумно. Тоа допринесува мирот во вашиот дом да не биде нарушен од најразлични звуци што останататите системи за греење ги испуштаат при регуларна работа.
- Вооедначената температура во различни простории со што не се предизвикува топло-ладно ефект кој го зголемуваат чувството на непријатност кај луѓето.
- Доколку користите грејно тело кое го издувува топлиот воздух, вашата просторија на секои два дена треба да се пребишува од прашина. Со систем за подно греење ова е веќе ваше минато зошто топлината зрачи од вашиот под без притоа да циркулира возухот, со што не се создава прашина.
- Подот е доволно голема површина која зрачи топлина, со овој систем возможно е да се одржува температурата на пониско ниво додека обезбедуваме исто чувство и удобност
- Заштедување во просторот бидејќи подното греење не зазема од вашиот простор, за разлика од конвенционалните грејни тела
- Голема површина која се грее со ниска температура на водата практично значи дека ќе нема струење на воздухот, што доведува до намалување на влагата на самиот воздух
- Со помош на дигитален неделен тајмер постои можност за подесување, кога сте дома да започне со греењето, кога сте излезени да го намали греењето или да престане. Ова е многу корисно во денешните услови кога цените на струјата се во постојано наголемување, а со помош на неделниот дигитален тајмер, со претходно програмирање кога не сме дома системот се исклучува и не троши енергија, а пред да се вратиме дома тој се вклучува и ние влегуваме во затоплена просторија.
- По исклучувањето на греењето уште долго време се задржува топлината бидејки специјалните цевките за подно греење се обвиени со повеќе слоја на специјален материјал и имаат својство да ја задржуваат топлината подолг временски период. Така да доколку го исклучиме системот за греење еден час пред да излеземе од домот, просторијата ќе биде топла до самото наше излегување.
Секој систем за греење си има свои предности и недостатоци, некои се подобри некои полоши. Но, сите ја имаат истата функција да го загреат вашиот дом. Во овој пост се обидовме да го доближиме повеќе до вас системот за подно греење и ги истакнавме предностите што ќе ги добиете доколку се одлучите за него. За разлика од другите системи за греење, системот за подно греење е најудобно решение што може да се најде на пазарот, а воедно е и поекономично.
Доколку имате некои прашања во врска со системот за подно греење ви стоиме на располагање.
Leave a Reply