По напорниот работен ден и цело време натаму наваму по пеколните жештини и градскиот превоз, кога ќе влезете дома сигурен сум дека првото нешто на кое помислувате е климатизерот и веднаш започнувате да го барате далечинскиот управувач. Кога ќе го вклучите климатизерот температурата постепено ќе почне да се намалува, а како таа се намалува, така вие постепено почнувате да функционирате. И кога психички ќе почнете да се совземата од топлотниот бран кој го имате доживеано, тогаш почнувате и да размислувате на тоа како всушност работи климатизерот и како успева да не разлади?
Сега да не ве залажуваме и детално да го објаснуваме принипот на работата на сите поединечни делови на клима уредот, ќе дадеме еден многу едноставен и јасен одговор. Климатизерот всушност не го лади вашиот дом, туку ја исфрла топлината од него. Можеби звучи навистина чудно, но така е! За да успее во својта работа климатизерот, корист одредени својства на гасот фреон, да ја зема и одава топлината при промената на притисокот.
Инаку компресорот со притисок го доведува фреонот во течна состојба и го префрлува во внатрешната единица, каде што се менува притисокот и гасот се враќа во својата првобитна состојба, односно гасовита. Кога фреонот е во внатрешната единица и е во сосојба на гас, има само една намена, а тоа е да ја земе топлината од воздухот. Потоа топлиот гас оди во надворешата единица каде што компресорот повторно го “притиска“ и тогаш тој ја испушта топлината која ја има соберено во внатрешната единица. Тој процес се одвива континуирано во вашиот климатизер.
Се надеваме дека со горенапишаното успеавме да ви доловиме како климатизерот ве лади во мометов, пардон – исфрла топлина од вашиот дом. Доколку не, слободно пиште ви стоиме на располагање.
Mojata klima panasonik obicna od +2 pa do -1 mrzne i od nadvor a koga isklucuva se topi i tece od nadvor a ne niz crevo i pravi lom dali e ispravno.pozdrav.
Почитувани,
Ако замзнала водата во цревото нема проток за новата која излегува од климата и нормално е таа да си бара сопствен пат и да избие на друга страна. Тоа е една од причините зошто обичните клими не се препорачува да работат на минусни температури.
Со Почит,
Термо Систем