Хидрофорна станица -Wilo
Хидрофорната станица се поставува во згради или поголеми објекти, најчесто во долниот дел, каде се поврзува со водоводната мрежа или од каде што би можела да се црпи водата. Во зависност од потребите се избира станица со поголем или помал број на пумпи. Потоа пумпите ги снабдуваат становите со потребното количество на вода. На пумпата мора да се приклучи и мембрански сад (експанзија), кој што би ја штитела пумпата од притисочни удари и неповратен вентил. Во зависност од станицата се препорачува да има дополнителен број на пумпи, кои служат како резервни. На тој начин се намалува можноста да дојде до прекин на водоснабдувањето.
Пумпната станица доаѓа во комплет со автоматика со дисплеј. Таа служи за заштита од: преоптоварување, работа на суво, низок и висок напон, превисока температура па дури и од краток спој.Има опции за зачувување на зададените параметри доколку дојде до прекин на електрична енергија. При употреба на оваа пумпна станица се заштедува на енергија, комфор при користење и комплетна заштита на пумпите.
Reviews
There are no reviews yet.