Description
Соларните сетови со вакуумски колектори се составени од следните елементи:
-
Вакумски колектор со 10 и 15 цевки
Прв и најбитен елемент е соларниот вакуумски колектор кој може да биде со 10 или 15 вакумски цевки. Колекторот го поставуваме на позиција од каде најголемиот дел од денот ќе може да апсорбира сончева светлина.
-
Соларен бојлер од 150л, 200л, 300л и 500л
Соларниот бојлер може да биде со различна големина во зависност од потрошувачката на вода во различни животни средини. Бојлерите се целосно емајлирани и обложени со изолација за да може подолго да се сочува топлата вода во бојлерот во ладните периоди и вечерните часови. Бојлерите во овој наш систем се со два изменувачи (змии), кои се погодни покрај приклучувањето на солар, да можат да ги поврзат со домашното централно греење.
-
Соларната циркулациона група
Срцето на секој соларен сет од затворен тип е соларната пумпа која го врти флуидот во системот од соларниот колектор до бојлерот и назад.
-
Автоматика за солар
Диригентот во соларниот систем е автоматиката за контролирање која ја командува пумпата кога да се вклучува, а кога да престане со работа. За да може да дава вакви информации автоматиката има сонди со кои ги прибира информациите за топлината од колекторот и топлината од бојлерот.
-
Експанзионен сад
Заради регулација на притисокот во системот секој соларен систем мора да има експанзионен сад, кој може да биде со различна големина (8, 12, 18, 24 литри) во зависност од големината на бојлерот и бројот на поставени колектори.
-
Соларното автоматско лонче
Последен елемент без кој не може ниту еден соларен систем од затворен тип е соларното лонче за автоматско обезвоздушување, кое му помага на системот да се ослободи од вишокот на гасови кои се создаваат од секојдневната работа на системот под притисок, како и испарувањето на флуидот кој постојано циркулира низ системот.
Reviews
There are no reviews yet.