Повеќенаменски систем, лесен за инсталирање, безбеден и здрав
GX Giacomini проширениот систем е систем за дистрибуција на санитарна вода и системи за греење и ладење. Системот вклучува PEX-b цевки и месинг фитинзи чие запечатување е обезбедено со полимерен прстен. Формата на пластичните компоненти и специјалниот фитинг обезбедува цврстина и сигурност за целиот животен циклус на системот.
Системот GX користи пластични компоненти кои се изработени од висококвалитетна пластика која овозможува беспрекорна конекција на спојките со цревото во системот и овозможува поголема ефикасност во работата преку специјалниот профил на неговите делови. Со соодветен алат постепено се прошируваат цевките и со комбинација на прстенот се овозможува вметнување на фитингот, прицврстувањето се генерирaна од силното еластичното движење на полимерните елементи, кое овозможува блокирање на вметнатиот фитинг во исто време кога ќе биде самиот поставен. Крајниот резултат е фитинг со подобрени механички карактеристики за разлика од обичните цевки.
- PEX-b цевките се отпорни на корозија и се произведени според најстроги прописи за да обезбедат долготрајни ефекти при високи температури и притисок на хидруличниот систем, додека обезбедуваат и комплетна усогласеност со највиоките стандарди за хигиена. Опсегот нуди различни дебелини и дијаметри.
- Специјалните полимерни прстени се дизајнирани да поднесаат притисок при инсталирање и навреме да обезбедат оптимална цврстина на фитингот. Прстените имаат обликуван горен раб кој овозможува нивна правилна инсталација на цевките.
- Месинганиот фитинг е направен врз основа на посебни регулативи и прописи, се со цел да можат да се употребат и во санитарните системи.
Инвестирањето во квалитетен систем за санитарна вода дава максимална сигурност и безбедност во домот и токму овој систем тоа ни го нуди. GX системот на Giacomini е поиздржлив е и од самите цевки со што значително ја намалува можноста од поплава во вашиот дом.
Leave a Reply