Сончевите денови се прекрасни за шетање, забава, пиење кафе во пријатно друштво, едноставно речено створени за уживање, но исто така се совршени за Вашиот дом. Се прашувате како?
Одговорот е во сончевата енергија која можете да ја искористите преку поставување на сончевите колектори, а е бесплатна за сите нас. Доколку сеуште не сте сигурни дали оваа инвестиција ви е потребна, размислете на сметките за струја кои од месец за месец втроглаво растат. Идеалното решение е токму поставувањето на сончев колектор во Вашиот дом. Соларните системи се многу поволни, не само затоа што ни даваат бесплатна енергија во нашите домови, туку и производството на истата е без создавање на отпадни материјали кои ја загадуваат нашата планета. Ова треба да стане врежано во свеста кај нас луѓето, бидејќи глобалното затоплување и исфрлањето на преголеми количини јаглерод диоксид во воздухот, полека но сигурно го уништуваат нашиот природен дом Земјата. Секојдневно гледаме како загадувањето е се поголемо, а се повеќе ни недостига чист воздух. Со поставувањето на соларните колектори ние добиваме обновлива енергија, која и тоа како ги задоволува нашите потреби при секојдневното нормално функционирање и ја прави планетата Земја подобро место на живеење.
Во ова време кога се ни е достапно на дланка и сме свесни за климатските промени, доволно е да инвестираме во нешто што е најпрво добро за самите нас, а воедно е добро и за сите останати.
Еден од обновливите извори на енергија, како што е сончевата, претставува само еден мал дел кој како “светла точка” свети во сивилото кое го создава човекот. Многу важен момент е тоа што големи напори кон презентација и субвенција за изградба на соларни системи прават земјите во транзиција (меѓу кои е и Македонија), кај кои се повеќе се буди свеста за предноста на обновливите извори на енергија.
Leave a Reply