
Како резултат на зголемените температури и летните горештини, присутни се проблемите со водоснабдувањето кои се одразуваат на голем дел од населението. Особено проблем околу водоснабдувањето се јавува во средините каде водата се користи интензивно за наводнување. Доколку имате проблеми со водоснабдувањето или транспортот на водата, можеби е време да почнете да размислувате за пумпа која би била решение за вашите маки и дилеми. За да помогнеме при изборот на пумпата која би одговарала за вашите потреби, ние ќе ги наведеме основните работи на кои би требало да се обрне внимание за да се направи правилен избор.
Медиум
Прва и основна работа на која треба да обрнете внимание е медиумот. Под поимот медиум на течноста спаѓа видот на течноста, односно дали се работи за вода или се работи за некоја друга течност, бидејќи пумпите имаат широка примена во секојдневието.
Следно што треба да направите е да ја одредите температурата на течноста, зошто најчесто повеќето пумпи се ограничени до колкава температура можат да ја транспортираат течноста.
Хемискиот состав е исто така многу важен параметер, зошто ако на пример се работи за газирана или негазирана течност значително би влијаело при изборот на пумпата.
Содржина на течноста, односно дали во течноста се наоѓаат најразлични честички или каменчиња кои би можеле да создадат дополнителни проблеми при транспортот на водата.
Намена на пумпата, апликација
Многу важен сегмент при одредување на пумпата е намената за самата пумпа.
Од каде ќе се зема водата, дали станува збор за бунар, дали водата ќе се зема директно од мрежата или пак од резервоар е битен сегмент.
Доколку водата ја црпиме од бунар потребно е да се знае ширината на бунарот односно бушотината, положбата на пумпата и податоци за бунарот, односно колку е длабок и на колкава височина почнува да се појавува водата.
Доколку водата се зема директо од мрежата, потребно е да се знае колку е минималниот и максималниот притисок во мрежата.
Кога ќе го решиме проблемот од каде ја земаме водата треба да знаеме и каде ја испумпуваме, односно дали ќе е резервоар директно во мрежата или нешто друго, каде што ќе ни бидат потребни истите информации кои што ги наведовме претходно.
Потребен проток
Во зависност од намената на пумпата треба да се одреди и протокот. Доколку пумпата се користи за куќна инсталација, за еден дом е потребен проток од околу 2 метри кубни на час. Но доколку се работи за стамбена зграда или пак за полнење на базен, наводнување и сл., протокот мора да биде поголем, па затоа при изборот на пумпата размислете за што се би можело да ја употребувате пумпата, за да не се случи истата да не ги задоволува вашите потреби и очекувања.
Потребен притисок
Потребениот притисок е важен исто колку и протокот. Доколку притисокот е погрешно одреден и протокот нема да задоволува. За домашна инсталација доволен би бил притисок од околу 1.5 до 2 bar, но доколку станува збор за некоја фонтана или прскалка притисокот би требало да биде поголем.
Доколку располагате со горенапишаниве параметри, изборот на пумпа би бил точен и во целост би ги задоволил вашите потреби.
Zainterediran sum za bunarska pumpa.
Kopavme bunar na 6metri dlabina i postaviv cevka. 250mm presek.vodata na dnoto e na dlabina okolu 2metra.sakam da crpam voda za nabodnuvanje kapka po kapka.
Imam postaveno rezervoar od 1000litri na 2.5 metri visina.koj planiram da go polnam iod nego da se navodnuva ako sakate da me soveuivate za pumpa i cenata.
Vodata seuste neznam dali ima cesticki.
Fala odnapred.pozdrav