Во претходниот пост ви пишувавме за котлите на цврсто гориво од програмата на Burnit, во денешниот пост ќе ве потсетиме за карактеристиките и предностите што ќе ги добиете ако поставите котел на цврсто гориво од програмата на Bosch.
Котелот на Bosch е трајножаречки и е направен од високо квалитетен 4mm челик. Котелот е изолиран од надворешниот и внатрешниот дел со специјално валан лим кој не пропушта топлината и со самото тоа е многу помоќен и поефикасен од другите котли но поради тоа и му е потребен поголем оџак. Големината на оџакот е многу битен фактор при работата на овој котел.
Основни карактеристики на Bosch трајножаречкиот котел се:
* Максимално искористување на дрвата поради неговите тропромајни вертикални прегради кој максимално ја искористуваат топлината за загревање и со самото тоа го прават многу ефикасен и во исто време доста економичен
* Со едно полнење котелот може слободно да работи и повеќе од 8 часа
* Вратата за полнење се наоѓа на горната страна од котелот која е доста голема со што полнењето на котелот го прави доста лесно и брзо
* Овој котел има 30 % поголема искористливост
* Дизајнот и материјалите од кој што е направен му даваат предност и гарантираат долг работен век
Во зависност од тоа колкава квадратура сакаме да загреваме со котелот зависи и јачината. Овие котли имаат повеќе јачини но најчесто користени се 32 kw и 45 kw . За да знаеме која јачина на котел ни е потребна треба да се земат во предвит повеќе фактори и тоа: дали е нова или стара градба, каква е надворешната изолација, прозорите.
Со самиот котел доаѓаат и попратни елементи како вентил промаја, сет за чистење кој ако ги купуваме оделно од котелот би не чинеле дополнително финасии. Исто како и другите котли и на овој котел мора да се постави мешачки трокрак или четворкокрак вентил за заштита и дополнително продолжување на работниот век.
Истот така котелот е така направен што со мали промени лесно може на него да се постави горилник на пелети и тој наместо да работи на дрва би работел на пелети. Сите знаеме дека греењето на пелети е нешто поскапо но е многу почисто и еколошки поздраво за околината.
Доколку се одлучите за поставување на ваков котел правилно го монтирате и имате одличен оџак вие ќе влезете во големата група на доста задоволни и среќни корисници на Bosch котлите на цврсто гориво.
Zdravo
Ziveam vo kuka na dva sprata po 75 m2 ili vkupno 150m2, Vo koja imam instalirano instalacija za parno greenje i sega e na red da kupam kotel za parno greenje no neznam kakov, i koj e podobar trajnozarecki na Bosch ili Burnit WBS Aktive. Bosch vo start e podobar so cena i kako proizvoditel e sinonim za kvalitet no neznam dali ima elektronika kako kaj Burnit koj voedno e i poskap. Ve molam za pomos, koja e razlikata megu niv, odnosno koj e podobar? Odnapred vi blagodaram
Почитувани,
Двата котли се одлично покажани разликата е во тоа што Bosch котелот нема автоматика и има вертикални промаи на воздухот за кои е потребен минимум ф200 дебелина и 9 м висина на оџакот, додека пак Burnit WBS Active има хоризонтални промаи на воздухот и нема потрба од толку голем оџак.
Со Почит,
Термо Систем