Фосилните горива полека но сигурно се намалуваат на планетата земја. Преку овој процес неминовно е тоа да резултира со поскапување на многу работи од кои првенец меѓу нив е електричната енергија. Цената на електричната енергија зависи и од водостојот на акумулациите кои во последниов период кај нас се на многу завиден водостој. Пред определен период решението на овој проблем се гледаше во нуклеарните централи, но со нив одат и последиците од истите. Сигурно сеуште се свежи сеќавањата од случувањата во Јапонија пред извесен период или пак во Чернобил.
Многу земји плашејќи се да не ги затегне истава судбина, во иднина планираат енергијата добиена од нуклеарните централи целосно да ја заменат со енергија добиена од обновливи извори на енергија. Освен пренамената за која се потребни многу пари, подоцна енергијата добиена од зелените извори на енергија е целосно бесплатна и воопшто не ја загадува околината.
Во оваа пренамена лидерската улога ја има Германија која пак мора да го забави своето темпо на заменување на енергијата добиена од нуклеарни централи со енергија добиена од обновливи извори на енергија за да ја намали загриженоста околу цената на струјата. Прашањата околу поголемата цена на електрична енергија во најголемата економија во Европа стана клучни приоритет за владата на Ангела Меркел, која има амбициозни цели, нуклеарната енергија да ја замени со обновливи извори на енергија, пренесува Ројтерс.
Благодарејќи на законот кој ја гарантира цената на електричната енергија добиена од обновливи извори, Германија доживеа значаен пораст во продажбата на соларните панели и ветровниците. Со околу 25% струја добиена од обновливите извори на енергија, стручните лица тврдат дека Германија е на добар пат до 2020год, достигне до 35% произведена електрична енегија од обновливи извори. Иако експанзијата во овој сектор е многу добра работа, “ колку е развојот на зелената енергија е побрз, со тоа и трошковите се повисоки“ – се изјасни Алтмајер, Германскиот министер за животна средина.
Затоа во Германската влада се прават напори на некој начин да се намалат сметките за струја бидејќи пренаментата до 2020 година ќе изнесува околу 150 милијарди евра а тоа директно ќе падне на грбот на граѓаните.
Од горе напишаново можеме да заклучиме во која насока ќе се одвиваат работите од секторот за енергетика во следните години. Германија има за цел до 2050 година дури 50% од потрошувачката на струја да ја добива од обновливи извори на енергија. Кај нас процентот на добиената електрична енергија од обновливи извори е толку мал што не вреди ни да се спомене. Затоа треба малку да го смениме начинот на размислување и да се насочиме кон обновливите извори, затоа што иднината лежи токму во нив.
Leave a Reply