Горилникот за пелети има висока компактност и оригинална конструкција, која го прави овој уред погоден за употреба на голем број котли на цврсто гориво. Овој уред е со внимателно одбран дизајн, добро балансиран, со ниска емисија на штетни гасови и тивок режим на работа. Во склад со неговите карактеристики и перформанси, истиот може да се постави на генератор на топлина, притоа извршувјќи ја својата задача. Горилникот за пелети се напојува со гориво за кое е наменет, се препорачува користење на пелети кои се квалитетни, зошто пелетите со лош квалитет имаат низок степен на учинок, високо ниво на пепел во нив и бараат почесто чистење и одржување. Пред да се пушти во употреба горилникот треба да се проверат следните работи:
– дали истиот е правилно приклучен на котелот
– да се провери дали котелот и инсталацијата се наполнети со вода или масло.
– да се провери дали вратата од горилникот е затворена
– да се провери дали сите елементи се правилно поставени, дали сондата за температура е правилно поставена.
– дали решетката е чиста. Дисплејот на горилникот покажува разни информации, во зависнот од начинот на работа. Се притиска тастерот за подесување на ден/час и на дисплејот се потврдува точната информација. Се одбира, рачен или автоматски режим на работа.
Местото за монтирањето на горилникот да биде без запалливи материјали, корозивни гасови, прашина, кои доколку бидат повлечени од вентилаторот може да ги задушат цевките и да ја намалат ефикасноста на работата. Просторијата за монтирање треба да биде сува, не смее да се изложува на дожд, мраз и снег. Работењето на правилно монтиран уред е автоматско и не бара рачно подесување. Во случаj на недостаток на гориво или некаква неправилност, горилникот се исклучува и блокира. Се препорачува да се наполни горилникот со гориво, пред целосно да се потроши.
Со денешниот напредок е постигнато котлите за пелети, горилникот и воопшто ваквиот начин на греење, претставуваат лесно достапно, едноставно и ефикасно решение, кое решение реално може да го замени или дополни вашиот постоечки систем на греење.
kolku kosta ovaj gorilnik i dali moze da se montira na viadrus u22 i kako e so potrosuvackata i so jacinata. imam kotel viadrus u 22 od 30 kw
me interesira dali bosh brenerot na peleti mozi da se prikluci na Radijator kraljevo (t.n. bunkeras 35kw) i kolku bi bil efikasen i kolkava iskoristenost i potrosuvacka na peleti bi imal???
Почитувани,
Bosch бренерот може да биде приклучен на Вашиот котел без никаков проблем. Ефикасноста е во зависност од тоа колку квалитетни пелети ќе користите, а потрошувачката на пелети е во зависност од тоа колкава топлина ќе сакате да добивате и како ќе го подесите автоматскиот тајмер на самиот бренер. Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем
Me interesira dali moze brenerot bosh da se instalira na kotel za nafta i kako moze da go poracam