Кога станува збор за енергетска ефикасност најчесто се мисли на редукција на користење на енергија на одредени сервисни центри во еден објект. Греење, ладење, осветлување или било кој друг потрошувач на енергија заради обезбедување на нормален секојдневен живот.
Често пати енергетската ефикасност се поврзува со технолошките иновациии и технолошките промени кои се дел од нашиот секојдневен живот. Сведоци сме на брз развој на индустријата во оваа подрачје. Различни апарати за домаќинства кои во минатотот биле стандард. Сега компаниите – производители се обидуваат да ги направат колку што може повеќе енергетски ефикасни.
Освен технологијата, голем удел во обезбедување на енергетската ефикасност има и човечкиот фактор и неговата волја да ја зголеми ефикасноста. Ова значи едноставно нетехнички фактори како подобра организација, менаџирање и користење на потрошувачите на енергија.
Прво нешто важно, доколку сакате да го направите вашиот дом да биде енергетски ефикасен е да дојдете до информации за причинителите или извори на енергетската неефикасност во вашиот дом. Запомнете дека ова е процес и дека постојани мали подобрувања може да доведат до големи резултати. Во однос на вас самите преку заштеда на пари од вашиот енергетски буџет, но и преку допринос во екологијата за заштита на нашата планета Земја.
Па дали може да има поголем императив од тоа? Заштедуваме пари и допринесуваме подобра иднина за нашите деца, внуци, правнуци, идните генрации…
Да разгледаме некои знаци кои може да ви помогнат во откривање на подрачја кои ќе бараат подобрување на енергетската ефикасност во вашиот дом.
- Големи сметки за струја или огромна потрошувачка на енергенси а сепак чувствувате ладно во просторијата доколку се однесува на греење или топло доколку се однесува на ладење.
- Чувствувате струење на воздух кај прозорците односно вратите што значи дека при греење ја губите топлината, додека при ладење влегува топлина. Ова е знак дека треба да преземете нешто во однос на затнување на дупките, или едноставно замена на старите прозорци и врати со енергетски ефикасни прозорци и врати.
- Постојат отвори кои не можат да се затворат во зимскиот период. Често пати може да се користат вентилации кои ги користиме во летниот период, но затоа тие отвори мора да се затворат во зимскиот период.
- Преголема просторија со премало грејно тело. Несоодветна оптимизација на големината на просторијата и самото грејно тело кое треба да зрачи топлина може да претставува енергетски неефикасно решение.
- По исклучување на грејното тело просторијата веднаш се лади.
- Потребно е многу време за да се загрее просторијата.
- Погледнете ги уредите кои ги користи твојот систем за ладење или греење и видете дали има ознака за енергетска ефикасност. Се што е D,E,F… значи дека твојата просторија не спаѓа во групите на енергетски ефикасни.
- Голема разлика од изворот на енергијата до зрачењето на топлината во просторијата (измерете колкава температура се произведува и одземете ја температурата во просторијата, доколку разликата е поголема значи дека ви се губи голем износ на енергија некаде)
- Работа на системот за греење и во случаи кога нема луѓе во просторијата.
Постојат многу начини за да се забележи дали нешто е причинител за енергетска неефикасност на вашата просторија. Потребно е само да размислите за овие прашања и да се насочите кон поправки или елиминирање на причинителите. Некои решенија ќе бараат поголеми инвестиции, но некои ќе бидат целосно бесплатни, а пак некои ќе бараат инвестиција како едно излегување на вечера. Започни со имплементација на бесплатните или ниско трошочни решенија, а направи план за имплементација на покрупните и поскапите решенија за наредната година, две или три.
Влoжување на пари, напор и време во решавање на овие прашања за неколку години повеќекратно ќе ви се исплати. Но, најдоброто е што ќе дадеме придонес во развој на почиста околина и подобар живот на идните генерации.
Какво е твоето искуство со обезбедување на енергетската ефикасност во вашиот дом?
Leave a Reply