SIEMENS го креираше паметниот термостат кој е направен исклучиво за исполнување на сите Ваши потреби во однос на греењето, кои ги имате на ум.
SMART термостат е развиен за да обезбеди професионална контрола и функционирање на апликациите за греење. Со својот уникатен дизајн се вклопува совршено во секој ентериер. Секогаш е во допир со околината благодарение на шест моќни и прецизни сензори: температура, влажност, светлина, близина, присуство и откривање на органски честички.
Поставувањето на термостатот е многу брзо и лесно, а управувањето е лесно и едноставно, или преку екранот на допир или со користење на апликацијата на Вашиот Smart Phone. Мобилната апликација која е бесплатна и на App Store/Play Store овозможува интуитивна контрола на основните параметри како што е вклучување и исклучување на системот за греење, подесување на собната температура, избор на режими на работа, на било која одалеченост од објектот, во секое време. Без разлика за каков систем за греење станува збор, SIEMENS SMART Wi-Fi Tермостатот RDS110 може да се поврзе со било кој уред, дури може да управува и со Вашиот бојлер за топла вода.
Како што може да видите од прикажаните вредности, со користење на термостатот, вашите желби и потреби се остваруваат.
Во КАРПОШ 4 на ул.Никола Парапунов 1/1-13 нашиот Тим е секогаш тука да ве пречека и да ви помогне да ги реализирате вашите потреби во врска со греењето.
Ве очекуваме
Riste says
dali imate wifi termostat simens i kolku košta istiot
sase says
Цената на овој мултифункционален термостат кој може да се управува преку Вашиот мобилен има моментално промотивна цена која изнесува 11 950 денари.
Повелете Во нашите простории доколку сакате да го погледнете или имате дополнителни прашања.
Поздрав,
Термо Систем