
Во голем дел од земјите водата од водоводната мрежа не се употребува за пиење, туку само за санитарни цели и потреби. Последиците од големиот недостиг на вода се чувствуваат секојдневно и навистина не би можеле да знаеме што во иднина би се случувало со водата без која не може да се живее.
Токму заради тоа, во овој пост обрнуваме внимание на бунарските пумпи и инсталациите на уреди и пумпи кои би задоволиле многу од нашите секојдневни потреби.
Со поставувањето на пумпа за надворешни инсталации се придонесува кон штедење на скапоцените ресурси, бидејќи ефикасното водоснабдување од сопствените бунари, цистерни или дождовница е многу едноставно.
Значи не се работи само за водата од вашиот бунар, туку можете да ја користите дождовницата од вашиот покрив па дури и дождовницата од улицата или дворот пред да влезе во канализационата мрежа, за наводнување или миење.
Со сопствениот бунар или бушотина ќе бидете независни од скапата вода за пиење. Без разлика на која длабочина ќе се појави вода во бушотината, постојат бунарски пумпи кои испумпуваат вода и од 300 m длабочина, но таквите пумпи на нашиот простор се реткост и не се користат, бидејќи водата се појавува на многу помала длабочина.
Бурето под олукот е традиционална можност за ефтино наводнување на градината. Потопните пумпи сепак се посоодветно решение. Тие ја транспортираат водата од резервоарот до местото каде што ви е потребна водата.
Користете ја драгоцената течност која природата ни ја дава – некогаш во големи, а некогаш во мали количини. Резервоарот за дождовница заедно со соодветната пумпа овозможува рамномерно и тивко наводнување.
Со помош на пумпните системи на WILO и со опција за вградување на тајмер на резервоарот, постои можност да го програмирате наводнувањето на вашата градина, па така да дури и кога сте на одмор вашата градина ке биде наводнувана и кога ќе се вратите, ќе го има истиот изглед како и кога сте заминале.
Нашата земја изобилува со вода, а сето тоа останува неискористено. Во летниот период не често се јавува недостиг на вода во нашиот систем. За да не се доведете во незгодна ситуација изберете ја најсоодветната пумпа за искористување на богатството што се наоѓа под нашата земја.
Leave a Reply