Како поминуваат годините, така станува општоприфатлива запознаеноста со сите трошоците за греење во текот на животниот век на грејното тело. За да може да ги имаме сите потребни и комплетни информации, треба детално да ги познаваме сите елементи и упатства за системот на греење кој го користиме.
Доколку како пример ги земеме котлите, најважниот податок врзан за експлоатационите трошоци и ефикасноста на греење е степенот на искористеност на ложењето, но ефектот може да биде некомплетен доколку изборот на опрема се врши само според овој параметар.
Целта на овој пост е претставување на дополнителните параметри кои можат да влијаат на трошоците за животниот циклус, односно насоките кои ќе не наведат да поставуваме дополнителни прашања за животниот век на котелот.
ПУМПНИ ТРОШОЦИ
* На самиот почеток би ги споменале пумпните трошоци каде би го земале потребното количество на електрична енергија за циркулација на водата во системот. Погрешно е размислувањето дека помала е потрошувачката на струја за циркулација на вода во котлите со помала зафатнина. Во таквите котли каде доаѓа до поголем отпор на струење и минимална циркулација низ помалата зафатнина од вода, има потреба од дополнителна пумпа. Оваа пумпа ја зголемува инвестицијата и секако прави дополнителен финансиски трошок и потрошено време за одржување. Во овој случај изборот на паметна пумпа е одлично решение за минмизирање на дополнителните трошоци во вашиот систем на греење. Не смее да се заборави дека е потребна заштита за ладниот крај на некондензационите котли со одржување на температурата на повратната вода над 55°C, а за тоа се потребни додатни елементи и системи како што се мешачки вентил и бајпас пумпа. Кај кондензационите котли, колку што е пониска температурата на повратната вода, поинтензивна е и кондензацијата.
Преку сето ова доаѓаме до заклучок дека одржувањето на котлите самото по себе е важен фактор во животниот век на целиот систем. Одржувањето на котлите со кои едноставно и брзо се ракува, не претставува никаков проблем и ги намалува трошоците за животниот циклус на грејните тела.
АНАЛИЗА НА СИСТЕМОТ
* Оваа ставка можеби е лесна и едноставна за објаснување, но за да има ефект мора постојано да се следи и да се применува. При анализа на карактеристиките на особините на котелот или на било кое друго грејно тело, треба да се погледнат параметрите на целиот систем на греење за да може да се добие вистинската слика.
ЗАШТЕДА СО РЕГУЛАЦИЈА
* За да се постигне импресивен степен на искористеност и заштеда на трошоци, треба да се користи автоматика во управувањето со грејните тела. Треба да се внимава во изборот на вистинска автоматика која ќе ги постигне оптималните перформанси на системот. Вклучувањето и исклучувањето на горилникот е критично во случајот на котлите. Во овој случај се мисли на енергетскиот губиток кој настанува при вклучување и зголемувањето на емисијата на штетни материи. Модулираните горилници не само што го намалуваат бројот на вклучувања и исклучувања, туку и го оптимизираат капацитетот на котелот во однос на топлинските побарувања на потрошувачот. Вградувањето и монтирањето на котелот е многу важно да го врши овластено лице кое ќе обезбеди сигурна работа на котелот. Со ова би се елиминирале било какви проблеми во подесувањето на параметрите на котелот и квалитетот во работата. Земајќи ги во предвид сите наведени аспекти, може да се зборува за реалните експлоатациони трошоци на котелот и грејното тело.
Кога сме веќе запознаени со трошоците за животниот циклус на грејните тела, каде во голема мера зборувавме за котелот, сигурни сме дека ќе ви помогне во донесувањето на одлуки и превземање на мерки за паметно и ефикасно намалување на трошоците.
Leave a Reply