На нашите простори нашироко е распространето верувањето дека климатизерите се штетни, и тоа најмногу се штетни за здравјето на децата, а за здравјето на бебињата да не зборуваме. На многу форуми можат да се прочитаат прашања кои ги поставуваат загрижени родители, дали смеат да користат климатизер доколку имаат новороденче во нивниот дом, а таму пак следуваат одговори од некомпатибилни луѓе, кои никако не го препорачуваат тоа.
Со желба да го исфрлиме митот за штетноста на климатизерот, во продолжение ќе пренесеме мислења и совети од стручни лица по тоа прашање.
Мислењето на педијатрите по оваа прашање е дека разладената соба со помош на клима уред, тотално е безбедна по здравјето на бебето, особено доколку просторијата претходно била претопла, полна со влажен и нециркулиран воздух. Сепак при користењето на клима уредот треба да се внимава собата каде престојува бебето да не е премногу оладена, особено треба да се внимаваа температурата да не падне под 22 C степени. За секој случај околу идеалната температура, можете пак да се консултирате со вашиот педијатар, зошто за секоја особа идеалната температура е различна.
Новороденчето не треба да се изложува директно на ударот на ладниот воздух кој доаѓа од климатизерот, затоа што и ние возрасните кога директно дува ладниот воздух во нас, се потргнуваме. Бебето би требало да биде облечено за да кожата не му доаѓа во директен контакт со ладниот воздух. Освен сите овие мерки на што ќе треба да се обрне внимание, ние препорачуваме и многу често чистење на филтерот на климатизерот, најмалку еднаш неделно.
Климата доколку содржи антибактерики филтри не само што нема да му пречи на бебето, туку и ќе го заштитува од најразлични микро организми, кои би можеле да го нападнат имунолошкиот систем.
Така да доколку и понатаму се двоумите дали да користите клима уред, ако во вашиот дом има бебе, престанете да ги слушате вашите баби, стрини, тетки и обезбедете им на вашите најмили пријатна и здрава клима за развој и игра. Како што на нам ни пречи топлината, исто така топлината му пречи и на бебето, затоа не размислувајте во погрешна насока.
Leave a Reply