Потребите за топла вода во едно домаќинство се клучни при димензионирањето на сончевиот систем за загревање на санитарна вода. Но, тие зависат и од навиките на корисниците. На пример, ако семејството почесто се тушира, наместо да ја полни кадата, тогаш дневните потреби за топла вода се значително пониски. Дневните потреби за топла вода можат да се претпостават според табелата дадена подолу.
Колекторска површина
Кога дневните потреби за топла вода се познати, колекторската површина може да се определи доколку се познати следните фактори:
- Тип на колектори
- Димензии на сончевиот топлински резервоар
- Локација, наклон и ориентација на колекторите во однос на страните на светот
- Локални климатски услови
Агол на наклон
Како генерално правило важи дека отималниот агол на наклон на колекторите е еднаков на степените на географската ширина на локацијата!
Оптимален агол на наклон – пример
- Локација: Скопје, Македонија
- Географска широчина: 41.45° северно
- За јужно ориентирана површина, енергетските добивки во јуни се најголеми за агол на наклон од 16.5о°
- Во декември, најповолен агол би бил 63.5о°
- Агол од 40о° е идеален за целогодишна примена
Капацитет на топлинскиот резервоар
- Кога ќе се определат дневните потреби за топла вода, може да се определи и волуменот на топлинскиот резервоар (бафер). Тој треба да се движи меѓу 0,8 до 1,2 од дневните потреби за топла вода, па така дневните врвни потреби ќе се задоволат, а при облачни услови потребите ќе се компензираат.
- Пример: За ниски потреби од топла вода од 25 литри по лице, дневните потреби за четиричлено домаќинство би биле 100 литри. Волуменот на топлинскиот резервоар ќе биде: Vb = 25 ∙ 4 ∙ 1,2 = 120 литри.
- Бидејки производителите немаат во понудите резервоари со сите можни димензии, треба да се направи избор од расположивите. Се препорачува избраниот топлински резервоар да биде со волумен не помал од 90% и не поголем од 120% од пресметаниот.
Во продолжение дадена е табела со препораки за димензионирање на мали сончеви системи за загревање на санитарна вода за индивидуални домаќинства за Македонија. Со цел да се добијат точни карактеристики, се препорачува да се извршат пресметки базирани на конкретниот локалитет и потреби. Вакви пресметки можат да се направат со помош на програми за симулација. Тие даваат прецизни претпоставки за сончевиот уддел (фракција) и ефикасноста на планираниот систем.
Димензионирање на системот
Даден е пример за четиричлено семејство, кое има потреби од 160 литри топла вода во текот на денот на температура од 45°C
Се препорачуваат следните димензии:
- Однос: волумен на резервоарот / потреби за топла вода = 0,7 до 1,2
- Колекторска површина 0,7 до 1,2 m2 по потрошувач (лице) во зависност од цената на колекторите
- Висина меѓу колекторот и средината на топлинскиот изменувач = 0,4 до 1 m
- Однос: површина на топлински изменувач / колекторска површина = 0,4 до 0,7 (во разгледуваниот пример усвоен е оребрен топлински изменувач со површина од 2 m2)
- За овој пример дијаметарот на цевките од топлинскиот изменувач и цевките од системот изнесува 20 mm. Кога се применува обвиткан топлински изменувач, цевките во системот можат да бидат со помал дијаметар заради помалиот пад на притисокот во топлинскиот изменувач.
Во средноевропски климатски услови, сончевата фракција (учество) кај ваков систем се движи меѓу 0,5 и 0,6, што значи дека 50 до 60% од годишните потреби за топла вода (160 литри/ден со температура од 45°C и студена вода со температура од 10°C, Q = 8543920 kJ годишно или 2373 kWh годишно потребна топлинска енергија) се покриваат со сончева топлинска енергија. Икористливата топлина од сончевиот систем изнесува 1187 до 1424 kWh годишно или соодветно по колекторска површина 300 до 400 kWh/m2.
Во продолжение неколку поврзани содржини со кои што можеби ќе ви го олесниме изборот на соларен систем за вашиот дом.
Leave a Reply