Не треба дополнително да се зборува дека електричната енергија е скапа, затоа што секојдневно од етерот добиваме информации од тој тип. Електричната енергија во иднина нема да поефтинува, туку напротив, таа постојано ќе се зголемува. Затоа би било пожелно да започнеме да размислуваме порационално, односно како да придонесеме со нашите постапки да трошиме помалку електрична енергија. За почеток ќе биде доволно само да купуваме електрични апарати кои ќе имаат помала потрошувачка на електрична енергија. Тука се јавува прашањето како да ги разликуваме електричните апарати кои имаат поголема енергетска исористеност од оние кои имаат помала? Бидејќи сезоната за ладење е во полн ек, ние денеса ќе зборуваме за енергетската ефикасност на климатизерите.
На пазарот денеска се наоѓаат најразлични климатизери, од најразлични произведувачи и се разбира со најразлична енергетска ефикасност. За да видиме колкава е енергетската ефикасност на климатизерот, треба само да ја видиме енергетската ознака, односно да видиме во која група на потрошувачи спаѓа климатизерот.
Енергетската ознака помага да се направи вистинскиот избор при купувањето на климатизерот. На сликата за енергетската ефикасност, прикажана е табела која се состои од седум полиња, означени со различни бои и различни букви. Климатизерот кој е означен со буквата “А” на енергетската табела, значи дека е енергетски најефикасен. На пример клима уредот – инвертер “Daikin” од 5 KW при режимот на ладење има енергетска ефикасност “А“. Тоа значи дека при ладење троши многу малку енергија. Како одиме надолу по скалилата на енергетската табела така потрошувачката на електрична енергија е поголема. Од тоа се заклучува дека електричните апарати означени со енергетска ефикасност “G”, имаат најголема потрошувачка.
Кај климатизерите енергетската ефикасност претставува одност помеѓу добиената толлина, во однос на потрошената електрична енергија.
Сега сигурно додека ја гледате табелата се прашувате што претставува COP, а што претставува EER. COP (коефициент на перформансите) претставува одност на излезната топла енергија во одност на потрешената енергија, додека пак EER (ефикасност на енергија) претставува искористеност на електричната енергија наменета за ладење на просторијата.
Од тука можеме да заклучиме дека доколку еден климатизер троши 1 KW електричната енергија а од него излегува 3 KW топлотна енергија, COP коефициентот е 3.
При купувањето на климатизерот треба да се внимава на тое дека, климатизерот со подобра енергетска класа не значи и дека е поскап климатизер, туку само дека е поефикасен од останатите. Цената на клима уредот зависи и од други фактори кои исто така се многу битни како што се: произведувачот на клима уредот, земјата на потекло, техничките карактеристики и слично.
Leave a Reply