
Соларната енергија може да се користи со технологијата на обновливи извори на енергија, за да ги замени конвенционалните енергетски системи кои консумираат фосилни горива. Сето тоа помага во намалување на штетните гасови во атмосферата, како и намалување на ефектот на стаклена градина и глобално затоплување.
Соларната енергија може да се користи индиректно, како што е искористената топлинска енергија или пак директно, за производство на електрична енергија со помош на фотонапонски панели. Топлинската енергија може да се користи за снабдување со топла вода, за ладење и греење на просторот или за индиректно производство на електрична енергија.
Соларната енергија се користи преку различни технолошки конфигурации како што се:
– соларни бојлери за топла вода, за загревање на топла вода во домовите или за греење.
– соларни фотонапонски панели, кои на индиректен начин ја претвараат сончевата енергија во електрична.
– пасивни соларни енергетски системи, за зголемување на ефикасноста на работењето на енергијата во зградите. Овие системи не користат никакви активни или механички делови, туку пасивно ја користат термалната сончева енергија.
– некои останати соларни енергетски систем апликации вклучуваат соларно осветлување (внатрешна и надворешна), обезбедуваат енергија за електрични уреди во сите големини, со неа може и да се приготвува храна.
Некои предности на соларната енергија кои треба да се земат во предвид се:
– обновлив извор на енергија кој е еколошки и одржлив
– во своето постоење е обилна и слободна
– таа е достапна и ја има во големи количини, посебно во деновите која најмногу ни треба
– нејзиното користење е широко распространето
Некои недостатоци на соларната енергија кои треба да секогаш да се земат во предвид се:
– сончевата енергија е директно зависна од временските услови и истата без опрема за нејзино складирање (особено во облачните и постудени денови) се смета за крајно нестабилен и несигурен извор на енергија.
– цената на соларните панели во поредба со конвенционалните извори на енергија е повисока, токму заради тоа треба да се применуваат стимулативни мерки за соларна иницијатива
– соларните фотонапонски панели кои претставуваат зрела и сигурна технологија, се очекува во иднина да бидат економски исплатливи, а тоа би се должело на нивниот пад на цената.
– климатските фактори се многу непредвидливи и во голема мера директно влијаат врз употреба на сите видови обновлива енергија
Овој тренд на користење на соларната енергија за потребните цели од ден на ден, станува се повеќе актуелен и економски оправдан.
Leave a Reply