
Клима уредите се дел од нашето секојдневие и без нив не можеме да живееме, посебно во топлите летни денови. Меѓутоа, клима уредите се феномени на модерното време, а луѓето пред нив измислувале различни начини да се разладат. Сигурно не им било лесно, бидејќи гардеробата која ја носеле тогаш била од непријатни и дебели материјали.
Денес ќе ви наброиме неколку интересни начини кои луѓето ги користеле за разладување во топлите месеци, секако покрај капењето.
1.Пештери
Пештерите на лето можат да бидат многу ладни, па дури и да е потребно да се облечете повеќе иако надвор е повеќе од 30 степени. Баш поради тоа луѓето во минатото поминувале многу време во пештерите, па дури и граделе цели населби во нив.
2. Подруми и подземни ходници
Подрумите најмногу се граделе за чување на намирници, но покрај тоа некогаш биле и одлично бегство од високите температури.
3. Рачни вентилатори
Вентилаторите даваат само краткотрајно чувство на свежина и разладување, но понекогаш и се добродојдени кога немаме друга алтернатива. Во минатото постоеле различни вентилатори кои генерално биле рачни, но биле добри за разладување на помали простории. Првиот рачен вентилатор бил измислен во Кина пред 3000 години.
4.Намокрување на облеката
Во минатото луѓето се разладувале со мокри алишта и постелнини. Со цел да да се разлади просторијата во која седеле, тие ги переле постелнините и ги простирале, а доколку сакале да се разладат себе си ги переле алиштата и ги облекувале мокри.
5.Градби од цигли и кал
Градбите од цигли ја упиваат топлината преку ден, а ноќе ја испуштаат, па колку-толку можат да послужат како спас од екстремните температури. Градбите од цигли и кал кои биле високи и големи, биле истовремено и поладни бидејќи им требало подолго време да се загреат.
6. Цевки со вода
Во некои згради во Рим ( најверојатно во оние во кои живеел погатиот слој на луѓе) се пронајдени цевки помеѓу ѕидовите низ кои течело вода. Тоа било одличен начин за разладување, но било и прилично скапо.
Замислете да не беа измислени клима уреди и сеуште да применувавме некој од овие начини. Но за среќа со напредокот на технологијата, речиси и да нема дом без клима уред, доколку сеуште немате набавено или се двоумите за промена на постоечкиот ви препорачуваме да изберете квалитетен клима уред кој ќе ве разлади, а воедно и многу ќе ви заштеди.
Leave a Reply