Мешачкиот термостатски вентил се инсталира на домашни системи за санитарна вода, со цел заштеда на енергија, а во продолжение ги објаснуваме и дополнителните негови придобивки.
Функцијата на овој вентил е во одржување на саканата температура на водата која се дистрибуира до потрошувачот, при варијации на температурата и притисокот на топлата и ладната вода, како и варијации во протокот. Термостатскиот мешачки вентил има една многу важна карактеристика, да спречи беспотребно трошење на насобраната топла вода при евентуално разладување и со тоа се спречува и евентуално добивање на изгореници. Овој вентил има опција на него да се поврзе филтер и неповратен вентил за топла и ладна вода.
Познавањето на неговите технички карактеристики е од големо значење за да неговото поставување биде прецизно, за да може вентилот да биде правилно иснсталиран и ефокасно да си ја заврши својата работа.
- Опсегот на регулација на температурата е во интервал од 38°C – 60°C
На горниот дел на термостаткиот мешачки вентил се наоѓа црвено капаче со бројки од 1 до 5. Со позиционирање на некоја од овие позиции, ние всушност го подесуваме мешачкиот вентил, за да ја достигне одредената температура:
поз.1 ја меша температурата на 38°C
поз.2 ја меша температурата на 43,5°C
поз.3 ја меша температурата на 49°C
поз.4 ја меша температурата на 54,5°C
поз.5 ја меша температурата на 60°C
Eдниот излез на вентилот кој има ознака “+” се поврзува со топлата вода, додека другиот излез со ознака “-” се поврзува со ладната вода. Излезот од мешачкиот вентил каде може да прочитате “mix”, претставува место од каде излегува претходно измешаната вода. Овој податок е важен за правилна инсталација и работа на овој вентил.
- Максимална работна температура до 100°C, максимален работен притисок до 16 bar, прецизност во прилагодувањата ± 1°C.
НАМЕНА: Овој термостатски вентил може да се поставува на домашни ѕидни бојлери, на резервоари или бојлери наменети за складирање на топла вода со помош на соларните системи или во системите за греење како преносители на топлина.
Ризик од изгореници и превенција од бактериски заболувања
Постои можност заради претходно неизбалансираната температура на водата, да дојде до протекување на топла вода во прв момент и настанување на изгореници. За да ова се спречи, се поставува овој навидум многу едноставен мешачки вентил за кој досега кажавме колку големо значење има. Во системот за производство на санитарна топла вода во бојлерите, треба да се избегне опасна бактериолошка инфекција кога топлата вода е складирана, со пониска температура која е идеална за настанување на бактериите. Нападот од овие бактерии најдобро може да биде спречен со поставување на повико ниво на температура, средина каде истите изумираат и се намалува опасноста.
Leave a Reply