Кога се поставуваат водоводните системи, една од главните составни делови на секој еден систем е пупна станица (хидрофор). Пумпните станици најчесто се применуваат во склоп на бунари, за снабдување со вода на приватни објекти и во склоп на станбени згради, како пумпни станици за зголемување на притисокот. И двете пумпни станици имаат сличен принцип на работа, и слични составни делови.
Пумпната станица е составена од следните делови: шмукачки водовод, пумпа, потисен цевковод, резервоар за складирање, електрична инсталација,уреди за автоматизација и заштитини уреди. Во продолжение ќе ви ја објасниме работата на овие делови и нивната поставеност.
* ШМУКАЧКИ ЦЕВКОВОД
Овој дел од водоводниот систем има задача да обезбеди довод на вода до пумпата и во овој цевковод најчесто има притисок. На почетокот се монтира неповратен вентил чија задача е да спречи празнење на цевкововодот кога пумпата не работи. Доколку станува збор за потопна пумпа, овој цевковод нема нема потреба да се монтира.
* ПУМПА
Позицијата на поставеност на пумпата е веднаш до шмукачкиот цевковод и има задача да ја вшмука водата од цевководот и да даде соодветен проток и соодветен притисок. Протокот на пумпата го претставува количеството на вода испумпано во единица време. Тоа се мери во единица мерка литри во минута(l/min) или метри кубни во минута(m3/min). Номиналниот притисок е оној притисок кој може пумпата да го постигне. Тоа би значело максималната височина, должина која пумпата може да ја постигне.
* ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД
Потисниот цевковод се изведува со поголем пресек, со цел да не ја придушува пумпата, за домашни услови најчесто се користи пресек на цевка од 5/4. На самиот потисен цевковод се монтираат уредите за автоматизација и резервоарот за вода.
* РЕЗЕРВОАР
Со помош на овој резервоар се складира определено количество на вода под притисок, со цел пумпата да не исклучува и уклучува во дел од секунда, кога се пушта вода.
* ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА
Нејзиното поврзување го изведуваат стручни лица и во зависност од тоа дали станува збор за домашна изведба на пумпна станица, за изведба во шахта и слично.
* АВТОМАТИЗАЦИЈА
Како и кај секој современ уред со кој треба соодветно да се ракува, елементите на автоматизација служат за да управуваат со работењето на пумпата ( исклучува- уклучува).
* ЗАШТИТНИ УРЕДИ
Служат за да го заштитат електромоторот на пумпата од евентуално прегревање, снемување на некоја фаза од електричната инсталација, електричен спој и слично.
Во продолжение ќе ги објасниме проблемите кои можат да настанат во работењето на пумпните станици и на кои треба да се обрне внимание и проблемотда се сервисира.
Шмукачкиот цевковод може да има проблем во заглавување на водата поради нечистотии или пак достраеност на клапната. Во тој случај треба да се провери цевководот и сите споеви и можност од пукнатини.
Постои можност од слаб напон на електричната мрежа да не може елекромоторот да стартува, така што постојано тече струја и доколку нема соодветна заштита тој може да се прегрее.
Лагерите на пумпата мора да се проверуваат и по потреба да се заменат со нови, зошто и тие имаат свој животен век. Причини заради кои може да станат неупотребливе се: корозија, прекумерно загревање на моторот и слично.
Кај автоматиката исто така може да настане проблем од типот на оштетување на контакторите или кинење на мембраната.
Како завршеток на овој пост би нагласиле дека најголемиот ризик во проблемите на водоводниот систем, се однесуваат на пумпната станица и што повеќе информации и искуство во тој дел имате, толку побрзо и полесно ќе го решите проблемот.
Leave a Reply