Вакумските соларни колектори се максимално ефикасни во текот на целата година, а не само за време на летните месеци. Користењето на технологијата со “U” бакарна цевка поставена во стаклена вакумска цевка, овозможува производство на топла вода за време на облачни денови, кога другите колектори не би можеле да функционират.
Срцето на секој соларен вакумски колектор е стаклената вакумска цевка. Во неа се сместени четири основни делови чија задача е да ги апсорбираат сончевите зраци и да ги претвораат во топлинска енергија.
Топлинска (бакарна) цевка
Бакарната цевка се простира по должината на цел апсорбер во форма на буквата “U” преку која се овозможува влез на ладната и излез на загреаната вода. Топлината од апсорберот се пренесува на топлинската цевка во која се наоѓа специјален медиум (мешавина на вода и антифрис или гликол) кој е многу погоден за пренос на топлината во бојлерот дури и во зимските денови без да замрзне.
Апсорпциона фолија
Околу бакарните цевки постои обвивка со високо апсорпциона фолија која има темна боја и има улога да ги впива сончевите зраци што е можно во поголем обем. Оваа фолија има голема апсорпциона моќ со тоа што успева да впие и претвори дури 92% од сонцевите зраци во топлинаска енергија.
Стаклена цевка
Цевката е изработена од високо квалитетно стакло кое е двојно поставено и прилепено на гумената подлога од колекторот за да може да се оствари вакумски простор во неа.
Вакум
За да се намали губитокот на топлина од струењето на воздухот, стаклените цевки се прилепени под притисок. Соларните вакумски колектори имаат техника на користење на висока температура и притисок да би се остварил непропустлив спој помеѓу стаклото и вакумската гума. Со цел да се одржи стабилноста на вакумот за подолг период се користи т.н. бариум.
Секоја вакумска цевка овозможува загревање на вода од околу 10 литри, што во превод би значело дека еден вакумски колектор од 15 цевки би бил доволен да загрева вода за 150 литарски бојлер.
Соларните вакумски колектори се одликуваат со долготрајно задржување на топлината. Тие имаат високо квалитетни вакумски цевки кои го спречуваат губитокот на топлината од цевките. Доколку се јават губитоци тие се минимални. Токму поради овие карактеристики вакумските колектори се поефикасни во однос на рамните колектори за дури 30%. Исплатливоста од поставување на вакумски колектор во моментов е најисплатливо решение за добивање на топла санитарна вода.
Leave a Reply