До сега многу пати сме зборувале за тоа колку е важно еден систем непречено и сигурно да си ја извршува својата работа. Токму заради тоа ви ги претставуваме Вентилот за редуцирање на притисок и Контролерот за диференцијален притисок од програмата на Giacomini.
Giacomini вентил за редуцирање на притисок
Во овој пост ќе зборуваме за вентилите од програмата на Giacomini кои имаат функција да го регулираат и стабилизираат притисокот во хидрауличното коло. Вентилот има прилагодлив излезен притисок, бронзено тело обложено со никел и приклучок за манометар во долниот дел на вентилот. Овие вентили се дизајнирани да бидат отпорни на високи температури и имаат женски приклучок.
Големини: од 1/2″ – 2″
Видови: од 16bar – 25bar
Главни карактеристики:
* Компатибилни со вода, гликол и компресиран воздух;
* Одредени делови на вентилот доаѓаат во контакт со вода, но тоа не преставува закана од кородирање, бидејќи вентилот е високо резистентен на корозија.
* Отпорен на екстремно високи температури, дури и до 130°C, за разлика од поголемиот дел на вентили кои се нудат на пазарот, чија што највисока точка на температура изнесува 80°C.
* Лесно прилагодлив, споредено со останатите индустриски производи од овој тип.
Контролер за диференцијален притисок од програмата на Giacomini
Контролерот за диференцијален притисок од програмата на Giacomini го контролира диференцијалниот притисок, овозможува константен (постојан) притисок, без оглед на протокот. Овој вентил е права (рамна) верзија на линеарни контролери и работи без потреба од дополнителна моќ. Номиналниот диференцијален притисок може континуирано да биде прилагоден на 250 до 600 mbar.
ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ
Опсегот на работна температура се движи во следните рамки : 2 ÷ 110 ° C ( -20 ÷ 110 ° C со заштита од замрзнување)
– максимален работен притисок: 16bar
– максимален диференцијален притисок: 2bar
– опсег на диференцијален притисок: 25 ÷ 60 kPa
Материјалот од кој е изработен вентилот е следниот: тело направено од месинг кој е отпорен на дезинфекција, мембрани и О прстени.
За крај би напоменале дека многу е важно да се спроведе коректна инсталација и да се користат чисти фитинзи за системот беспрекорно да функционира.
[…] Производи за регулација на притисок од програмата на Gi… […]