Една од поактуелните теми во овие денови кога електричната енергија е во постојан раст, а грејната сезона е пред нас, е како да се заштеди на греење. Заштедата пред сè се генерира преку одбирање на енергетски ефикасен систем за затоплување и соодветна изолација. Но, доколку веќе имате дома инсталирано некој систем за греење, еве неколку совети со чија помош би заштедиле енергија на системот за греење. Со оглед на ситуацијата која е присутна во моментот во Македонија со цената на парното, посебно во Скопје, високата цена на струјата, овие совети се повеќе од добредојдени.
Инсталирајте собен термостат
Инсталацијата на собен термостат може да ги намали трошоците за греење од 7-15%. Програмирајте го собниот термостат кога не сте дома или за време на ноќта да биде на помала температура. Исто така, можете да го регулирате системот за греење така што ќе се гаси еден час пред да излезете од дома или пак ќе се пали половина час пред да се вратите дома (од работа, училиште, прошетка итн.). Собниот термостат ја регулира температурата во собата така што ја исклучува пумпата од котелот кога температурата ќе ја достигне саканата вредност или пак ја вклучува кога температурата во собата ќе падне под одредената вредност.
Регулирање на температура во различни простории
Топлинската удобност е прашање на навикa, но е исто така и под влијание на начинот на кој се грееме, просторијата во која се наоѓаме и секако облеката која ја носиме во таа просторија. Секоја просторија нема потреба да биде загревана под исти услови. Затоа се препорачуваат одредени температури за одредени простории со цел да се овозможи топлинска удобност. Така да во ходникот и во спалната соба би требало температурата да биде помала во одност на дневната соба и кујната каде во текот на денот поминуваме повеќе време.
Намалување на амбиентална температура
Ако амбиентната температура во просторијата ја намалите за 10 C степени, годишно може да заштедите до 5% енергија.
Исклучување на системот за греење при подолго отворање на прозорец
Загуби односно намалување на температурата, преку отварање на прозор е една од најчестите грешки за губење на енергијата. Затоа, ако го отворате прозорецот на подолго време, исклучете го системот за греење или ладење
Инсталирајте термостатски вентил
Термостатскиот вентил автоматски ја регулира температурата во секоја соба каде што се наоѓа. Инсталацијата на термостатските вентили може да заштеди енергија и до 20% (во зависност од видот на термостатот и брзината на реакција). Заштедата се реализира со тоа што термостатскиот вентил сам ја регулира температурата која што му е зададена. Со него се прави заштеда до 20%.
Во иднина ќе се пишуваме повеќе за тоа како во текот на грејната сезона ги намалиме расходите за загревање на домот, бидејќи со сегашната ситуација каде огревниот материјал и струјата се во постојано зголемување секој совет е добредојден.
Leave a Reply