При секое реновирање на вашите бањи и купатила, покрај грижата и внимателното одбирање на современи елементи за убав изглед, секако дека треба да се води сметка за најдобар избор за греење. Често пати се случува, да за ова прашање навреме не се донесе соодветно решение и се оди на варијанта на електрични греалки за загревање на просторот. И покрај тоа што можеби ова претставува наједноставен начин, тоа не значи дека сме одбрале најефикасно решение за загревање на купатила. Веројатно секој од нас би сакал да не размислува на температурата кога влегува во својата бања и купатило, посебно во оние ладни зимски денови. Ова не би претставувало никаков проблем доколку конвенционалните грејни тела ги замените со цевни регистри чиј повеќенаменски придонес до крај ги задоволува вашите потреби. За разлика од оние често користени масивни грејни тела, цевните регистри се дизајнирани така да зафаќаат минимален простор во вашите бањи со форма која може само да го разубави просторот во кој се поставуваат. Цевните регистри освен примарната задача на затоплување на просторот, истите се користат како навистина одлично место за вашите крпи и пешкири, кои секако остануваат наредени и брзо се сушат. За овој уред да биде привлечен и достапен за сите потрошувачи, направен е во две варијанти: цевен регистар со бела боја и хромиран цевен регистар. Во изработката на овие цевни регистри, треба да се напомене дека после заварувањето истите одат на хемиско чистење и полирање, поцинкување и неутрализација заради поголема издржливост од корозија. Техничките карактеристики на овој уред се следните:
- максимална работна температура од 120°C
- максимален работен притисок од 10bar
- излезна моќ 431 watt
- количество на вода 2.94lt
Веруваме дека цевните регистри се уред кој идеално се вклопува во секој простор, заштедува пари и време заради едноставната монтажа и со нив се остварува вашиот сон за топла бања.
Leave a Reply