
Дали сте помислиле на секојдневните човечки навики и очекувања за начинот и типот на греење?
Дали тоа некогаш сте го земале во предвид, кога некого сте советувале за тоа какво грејно тело да одбере?
Она што е во суштина најважно и што ги поврзува сите различни човечки особни, карактеристики и навики за греење е количеството на топла вода. Вашиот систем за топла вода, треба да обезбеди онолку количество на топла вода колку што би било доволно за целото домаќинство. Тоа не значи дека мора и треба да се загрози енергетската ефикасност, бидејќи постојат повеќе алтернативи кои би ги задоволиле потребите на секое едно домаќинство.
Сите системи за греење се разликуваат едни од други, некои се поефикасни, кај некои пак ефикасноста варира помеѓу моделите од ист тип и изборот кој треба да се направи не зависи само од карактеристиките кои ќе ви бидат презентирани.
Постојат голем број на веќе постоечки и едноставни услови кои првенствено да се разгледаат и исполнат, за да одбраниот систем ги задоволи вашите потреби.
НА ШТО ДА РАЗМИСЛУВАТЕ КОГА ГО ОДБИРАТЕ СИСТЕМОТ
Знаејќи како вашето домаќинство користи топла вода (за кои цели, на кој начин и сл.) ќе ви помогне во правење на подобар избор за добивање на енергетска ефикасност, финансиска исплатливост и комплетно задоволување на потребите. Во продолжение ги наведуваме прашањата кои треба да си ги поставите кога одбирате систем на греење.
* Колкаво е вашето домаќинство?
Колкав број на членови има секое домаќинство и колкав би можел да биде во иднина? Тука секако мора да се спомне неизбежниот судир на генерации, навики, воспитувања кои може да се одразат на вкупниот квалитет на живот.
* Кога и како најчесто ја користите топлата вода?
Дали на пример ви е потребно поголемо количество на вода наеднаш, дали наутро се тушираат повеќе луѓе? Дали постои дополнителен уред, како машина за садови на која исто така и е потребна топла вода?
* Колку во моментот плаќате?
Погледнете ги вашите сметки во текот на целата година, направете детален преглед на потрошувачката и ќе знаете дали ефикасно сте ја потрошиле загреаната вода. Во овој дел секогаш постои можност за подобрување, поефикасно користење, штедење и понекогаш и менување на навиките.
* Каков е распоредот на деловите од вашата куќа, каде има потреба од топла вода?
При дизајнирање, изготвување на план за нова градба, како и менување на изгледот на веќе постоечка од големо значење е во близина да бидат: кујната, тоалетот, бањата….т.е местата каде има потреба од топла вода. Со самото тоа и трошоците за инсталација, трошоците кои се поврзани со потрошен материјал за водовод и инсталација би се намалиле.
* Колку би чинел новиот систем?
Во овој случај треба да се земат во предвид трошоците направени однапред и оние тековни, активни трошоци.
– Првите се всушност инвестиционите трошоци, трошоците за инсталација и монтирање на уредот. Овие трошоци се најчесто еднократни и повисоки.
– Тековните трошоци варираат во текот на целата година и нивната висина зависи од типот на загревање,нашинот на користење на топлата вода, избраната тарифа и сл.
Обдерете го оној систем кој вам ви одговара, согласно трошоците кои треба да ги предвидите, секојдневните навики, вашите потреби за топла вода и тоа ќе биде ВАШИОТ ВИСТИНСКИ ИЗБОР.
Leave a Reply