Многу пати до сега преку нашите објавени постови зборувавме за ШТЕДЕЊЕТО, тема на која секој од нас често размслува. Со тој поим сме ги поврзувале начините на заштеда на електрична енергија, нашите совети како најдобро да се заштеди, како да се внимава кога се одбира грејно тело во домот итн. Сепак во овој пост би се насочиле кон еден комплексен систем на греење и ладење, чие користење дава одлични резултати во однос на економичност, ефикасност и удобност.
Топлинските пумпи се далеку поефикасни и користат многу помалку енергија, за разлика од другите системи за греење кои користат нафта, масло или гас.
Daikin Altherma генерира миним 3Kw енергија, за 1Kw потрошена електрична енергија
ДОБРА ЕФИКАСНОСТ
Коефициентот на конверзирана енергија на оваа тоиплинска пумпа во голема мера се должи на веќе познатата инвертер технологија. Во системот има вграден фрекфентен конвертор кој управува со брзината на ротацијата на компресорот во зависнот од тоа каков е топлотниот товар. Поради оваа технологија тие не работат со цела снага, корисникот си ја ужива и плаќа единствено потрошената енергија.
МАЛА ПОТРОШУВАЧКА ЗА ИНСТАЛАЦИЈА И ЛЕСНО МОНТИРАЊЕ
Знаеме дека станува збор за внатрешни и надворешни единици, кои на оваа топлинска пумпа го олеснуваат поставувањето во саканиот простор. Заради оваа причина велиме дека монтажата на топлинската пумпа не би требало да одземе многу време во подготовки и период на ефективна работа. Можноста на поврзување со радијатори, подно греење, конвектори и олеснувањето во однос на обезбедување на оџаци, резервоари и сл. ги прави овие топлински пумпи современи и актуелни на пазарот
ЖИВОТНА ЕНЕРГИЈА И БЕЗБЕДНОСТ
Веројатно сме запознаени со фактот дека горивата кои ги користат уредите за греење може да остават големи последици на животната средина, може значително да влијаат на нарушување на условите за чиста и здрава околина. Daikin Altherma претставува топлинска пумпа која може да се пофали со навистина мала емисија на штетни гасови, тоа воедно ја прави безбедна за користење.
Во западните земји системите со топлинска пумпа се се попопуларни, бидејќи системот воздух/вода на чиј принцип работат овие топлински пумпи е многу едноставен и корисен начин на греење и ладење на домовите. Топлинските пумпи исто така се многу ефикасни за производство на топла вода која може да се намени за радијаторско греење и за санитарна топла вода во бојлерите. Многу поголеми ефекти се постигнуваат доколку домовите се добро изолирани. Ова ќе значи многу ниски трошоци за потрошена електрична енергија, што ќе ја направи топлинската пумпа идеално решение за сечиј дом.
Leave a Reply