BOSCH Solid 3000 H е совршено решение за сите оние кои сакаат да се греат на котел на цврсто гориво од високо квалитетен лиен гус. Идеален е за греење на дрва, бидејќи има исклучително големо ложиште- кај котелот од 32 kW можете да ставите трупец во должина од 48 цм. Освен дрва, котелот може да работи и различни видови на јаглен и брикети.
Гусаните котли од програмата на Bosch се одликуваат со високо квалитетна изработка на гус, богата дополнителна опрема која е вклучена во цената и долг работен век. Покрај тоа едноставни се за вградување, со модерен дизајн.
Предности кои ги има котелот BOSCH Solid 3000 H:
• Долг век на работење
• Топлотен блок од високо квалитетен гус
• Лесна потпала и ложење
• Лесен за чистење
• Посебен отвор за чистење на приклучокот на оџакот
• Висок степен на искористеност
• Мали димензии
• Можност на избор на различни видови на гориво
• Богата опрема која ви е вклучена во цената
• Термоманометар
• Регулатор на промаја- врши финално подесување на дотокот на воздух, од кој што зависи висината на пламенот. На тој начин што се влијае врз регулацијата на температурата на водата која циркулира. Овој елемент е од исклучително значење, особено за ноќниот режим на работа.
• Котелска славина
• Сет за чистење.
Лесно дополнување со гориво
Котелот има голема дупла врата, која при отворањето овозможува полесен пристап до ложиштето. Горната врата служи за додавање на големи парчиња дрво, додека пак долната, помалата служи за потпала на котелот и чистење. Модифицираната комора е погодна за согорување на поголеми трупци, чија максимална должина е 48 цм и пречник од 150 мм.
Отпорни на кондензација!
Гусаните котли на Bosch се исклучително отпорни на кондензација,но и покрај тоа не треба да работи на температура под 45 степени повратна топла вода. Веќе докажаниот квалитет на котлите од програмата на Bosch ќе Ви овозможат топлина на целиот ваш дом, при тоа ќе ви заштеди дополнителни средства.
Чекори за едноставно палење и ложење на BOSCH Solid 3000 H
1. Потурнете ја рачката за димоводен отвор,
2. Поставете ситни парчиња дрво, хартија и малку јаглен на решетката на ложиштето,
3. Запалете ги дрвата за потпала и оставете ја долната врата малку подотворена,
4. Кога ќе се разгори оганот и создаде жар, додадете количина гориво, од горната врата
5. Затворете ја вратата и подесете го регулаторот на промаја во посакуваната позиција,
6. Подесете ја вратата на димоводниот отвор,
7. Во работен режим регулаторот на промаја извршува постојана контрола на дотокот на воздух и осигурува идеална комбинација на гориво и свеж воздух за согорување.
Совет + Особено значајно за горивото кој се користи е да има соодветна влажност. Зголемената влажност на горивото може да предизвика дополнителна кондензација во Вашиот котел.
Leave a Reply