Хидрофор – Wilo

Wilo ХидрофорВо претходните постови пишувавме  воопшто за надворешните пумпи и за нивната поширока примена. Сега нашето внимание ќе го задржиме на хидрофорот, или попрецизно на Wilo Jet HWJ – хидрофорите.

Општо познато е тоа дека основната примена на хидрофорите е транспорт на вода што и самото име ни го кажува тоа. Оваа е навидум проста работа ќе речете, транспортација на вода, но околу таа тематика се занимава цела една индустриска гранка, како тоа би се подобрило и како би заштедиле на електрична енергија во самиот тој процес. Во овој аспект, Wilo ја има водечката улога на светскиот пазар.

Употребата на хидрофорите е широко распространета но поради нивните карактеристики, примената е идеална за:

  • Водоснабдување. Во  повеќето случаи кога станува збор за водоснабдувањето, водата треба од  одредена дестинација да се транспортира до саканото место. Дали таа водата ќе се црпе од бунар, река, езеро, резервоар и.т.н,  хидрофорот е идеален за оваа намена со тоа што почетокот на цревото што се наоѓа во изворот од каде што се црпе водата, ќе се заштити со неповратен вентил, се со цел да не се вшмукаат некои каменчиња или честички кои што подоцна би направиле некаков проблем.
  • Наводнување со вештачки дожд. Колку пати до сега кога сте поминале кај обработливите полиња сте забележале прскалки кои ја распрскуваат водата во еден ист интензитет како да паѓа дожд? За да имаат доволен притисок прскалките и да може водата да стигне до саканата дестинација, одговорен е хидрофорот.
  • Наводнување и вештачко оросување. Доколку се работи за наводнување не мора да станува збор за наводнување на големи површини како што се полињата со помош на вештачки дожд. Тука може да станува збор и за стандардно наводнување со црево, вештачко оросување  или пак со системот какпа по капка, а транспортот на водата  се обезбедува со хидрофор.
  • Транспорт на вода од бунари и длабоки резервоари. Доколку имате поширок бунар или пак некој длабок резервоар со водата, не мора водата рачно да ја вадите (традиционално со кофи), би можеле работата да си ја олесните многу, само би требало да обезбедите приклучок за струја.

Wilo Jet HWJ – хидрофорите се направени од не’рѓосувачкиот челик кој ја спречува корозијата, дури и при подолго време изложеност на надворешни влијанија. Ги  избегнува притисочните удари со помош на мембрански притисочен сад со содржина од 20/50 l. Тие се комплетно опремени со електрично и хидрауличен систем и се многу лесни за инсталирање. За да ве запознаеме подобро со карактерисиките и можностите што ги имаат различните модели на хидрофорот го презентираме следниов график.

Wilo хидрофор график

Доколку имате прашање за тоа кој хидрофор би одговарал на вашите потреби, и дали би можел да се вклопи во целокупната слика што ја имате испланирано, или за било што поврзано со темава ви стоиме на располагање.

Comments

  1. Zdravo. Imam bunar so dlabocina od 13.5m i sakam da postavam hidrofor koj bi go priklucil na vodovodna instalacija vo stanben objekt. Nie sme cetiricleno semejstvo koj hidrofor go preporacuvate? Pozdrav

    • Почитувани,
      Одговорот ќе го добиете на вашиот e-mail.
      Поздрав

    • rizvance ismail says:

      baram odgovor na postaveno prasanje za bunar so dlabocina od 13,5m.

      • Почитувани,

        До сега немаме добиено ваше прашање, инаку за таа длабочина на бунар доколку бушотината е Ф125 и водата од истиот ја употребувате за домашана употреба, од програмата на вило пумпата која треба да ја поставите е бунарска потопна 4″ со цена од околу 350 евра.

        Со Почит,
        Термо Систем

  2. Дали може хидрофор да се приклучи на цефка (пумпа) на која што веќе има приклучено мотор кој се користи за вадење, да не има некои пречки со притисокот или пак да не му смета на хидрофорот кога моторот за вадење ќе биде уклучен.
    Поздрав.

    • Здраво Бети,
      Хидрофорот може да се приклучи на таа мрежа, но тука се јавува прашањето дали ќе има секогаш вода во таа приклучна цевка. Доколку одговорот е да тогаш не би имало проблеми.
      Поздрав

  3. prikluceni sme na gradski vodovod vo selo Dobri Dol .poradi golema potrosuvacka do nas ne doaga vodata ima voda samo vo glavnata cefka od koja nie sme oddaleceni 100m i toa visoko okolu 15m dali so postavuvanje na hidrofor bi go resile problemot Pozdrav

  4. zdravo…imam problelm so vodovodot..nemam dovolno voda..vo domot..dali ima hidrohor ili pumpahidrofor..za da imam sekogas voda vo domot, da imam poveke vodaa..

    • Почитувани,

      Секако дека хидрофорот ќе може да го дополни недостатокот на вода, но само доколку има притисок на вода во главната доводна цевка, во спротивно ќе треба да поставите резервоар од каде ќе може хидрофорот да ја црпи водата.
      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  5. zdravo. imam bunar dlabok 12m. i sakam da stavam hidrofor pa sakam da mi pojasnite koj model da go koristam, dali raketa pumpa (potopna) ili klasicen hidrofor.

    • Почитувани,

      За избор на потребна бунарска пумпа ќе ни бидат потребни повеќе информации за бунарот и намената на водата од него. За таа цел ќе направиме контакт на маил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  6. Здраво.
    Имам бушотина за вода длабока 50м. 20 години користев ходрофор за извлекување на водата но се расипа.Никаде неможам да најдам нов хидрофор за таа длабочина. Ве молам ако можете пишите кои системи ги имате за тие длабочини.

    • Почитувани,

      Ќе ни требаат повеќе параметри за да добиете конкретна понуда. Потребните параметри и дополнителни информации ќе ги добиете на меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  7. Imam bunar 9m do voda 9m voda,dajtemi preporaka kakov hidrofor da kupam i kolku e cenata…od bunarot do kukata ima instalacija na cevki..a dalecinata e 20m..kuka 70m2

    • Почитувани,

      Одговорот ќе го добиете на меил, бидејќи имате повеќе опции во игра за избор на пумпа.

      Со Почит,
      Термо Систем

  8. Александар says:

    Здраво,
    Дали при периоди на рестрикција на вода е доволен само хидрофор или потребен е и резервоар? Во периодите кога нема вода, притисокот е слаб, а понекогаш и воопшто нема вода…

    • Почитувани,

      Доколку немате воопшто вода во мрежата треба да имате постабено резервоар за вода како би имале вода за користење и можност пумпата нормално да работи. Инаку хидрофорот никако несмее да го оставите без вода, бидејќи ќе му изгори моторот. Наш совет е што поголем резервоар за да го избегнете недостатокот на вода во критичните периоди.

      Со Почит,
      Термо Систем

  9. POCITUVAN,

    IMAM BUNAR DLABOK 5M (40GODINI NEISCISTEN) VO KOGO EVE I VO NAJGOLEMA SUSA IMA 40CM VODA. DALI MOZAM DA PRIKLUCAM HIDROFOR NA VODOVODNA INSTALACIJA I SO KOLKAV KAPACITET.

    DALI IMA ISPLATLIVOST NA VAKVA INVESTICIJA (MESECNO TROSAM 15M3 VODA OD VODOVOD).

    POZDRAV, GORAN D

  10. Почитувани,
    Хидрофор можете да го приклучите на водоводната инсалација, само првин проверете го квалитетот на водата од бунарот. Колкав би бил капаитетот на хидрофорот зависи од тоа колку се побарувањата во домот во даден монент, а дали инвестицијата ќе се иплати, зависи од начинот на кој ги гледате работите. Со приклучување на хидрофорот на водоводнат инсталација вие сте независен од градскиот водовод. Нема да имате проблеми со притисок, ниту со рестрикците за вода кои во летниот период знаат да се случуваат.

    Со Почит,
    Термо Систем

Trackbacks

  1. […] пишувавме за хидрофорот – Wilo објавивме графикон со оспег на работните можности во […]

Остави коментар

*