Description
Најефикасен систем на пелети
Кога на ваков котел се монтира пелет горилник, се добива најефикасен систем на пелети. Причината е тоа што димните гасови, кои носат енергија ослободена со согорувањето на пелетите, преку излезот од горилникот проаѓаат низ 3 вертикални промаи, и поминуваат низз котелот скоро 3 метри, пред тоа да излезат низ оџакот – на тоа место ослободуваат голема количина на енергија за греење и ефикасно го греат вашиот дом.
Значајни карактеристики на BOSCH сетот за пелет се следниве:
- тропромаен котел
- заштеда од 20-30%
- повеќе топлина
- најдобар во својата класа
- германски квалитет и конкурентна цена
- гаранција и сервис
Bosch пелет системот има интегрирана моќна автоматика со која што се постигнува фино подесување на работните параметри и достигнување режим на минимална потрошувачка. Нејзините карактеристики се:
- Мени на македонски јазик и голем дисплеј
- Контролира пумпа на котел на база на температура на довод
- Временско подесување
- Логика на греење + полнење на акомулационен бојлер
- Можност за врзување термостат
- Монтажа за автоматика-може да се монтира на резервоар или на ѕид
- Автоматско самочистење
Во себе содржи:
- Трајножаречки котел од Bosch 32kW или 45kW
- Горилник за пелет комплет со дозатор (полжав)
- Bosch со големини: 27/30kW и 40kW,
- Резервоар за пелет до 190л или 350л,
- Врата за монтажа на горилникот за пелет 27/30kW и 40kW
Големини :
-Котел 32 kW, со горилник 27/30kW
-Котел 45kW, со горилник 40kW
Производ на BOSCH Германија
Reviews
There are no reviews yet.