
Доколку имате проблем за одржување на константна температура во системот за греење или ладење ова е иделано решение. Без остапки од зададената температурата K275 е нешто ново и иновативно решение со што читајќи го овој пост се надеваме ќе ве приближивме до придобивките од неговата функција.
К275 е мотор од Gaicomini практично наменет за константна температурна регулација на мешачки вентили од програмата на Gaicomini R295/R296. Тој одржува фиксна зададена температура и за греење и за ладење. Овој мотор е со постојана ротација од 90 °, неговиот температурен опсег е од 0-100°C и има можност за рачна контрола.
Со него доаѓа адаптер 24v кој се приклучува на 220v (градска мрежа) и сонда за мерење на температурата долга 1,5 m.
Негова практична примена е голема, а ова се дел од неговите можности :
1.Одржување на постојана температура во котел и цевна мрежа(заштита од кондензација).
2.Употреба и одржување на контантна температура во подно греење и акомулатори на топлина.
3.Употреба во системи за санитарна топла вода и базени.
Со вградените прекинувачи внатре во моторот можеме да ги подесиме следните параметри на моторот(к275):
-Насока на вртење на мешачкиот вентил (во насока на стрелките на часовникот или обратно).
-Различен температурен опсег, при задавањето на температурата на дисплејот се покажува зададената температура на 3 секунди, а потоа на дисплејот се појавува моменталната температура измерена од сензорот.
-Неговиот фактор на реакција x1/x10 (x10 факторот се препорачува да се користи во случај на инсталации со ниска топлинска инерција (ПВЦ цевки, пластични цевки за пиење вода).
-Хp параметар (Оваа поставка всушност значи на која крајна температура моторот ќе го отвори или затвори мешачкиот вентил.
На пример: За одржување на температурата на котелот ние препорачуваме да се постави Xp = 50к (10k-100k) што значи дека моторот ќе работи во режим ± 25 °C од поставената температура.
Негова примена низ примери:
Подно греење
Одржува константна тем. на водата при влез во подно со тоа што го подесува мешачкиот вентил до точност да ја меша водата од котелот и водата од повратот. Кога ќе зададете температура која треба да води до подното греење истата таа ќе биде спроведена без одстапки. Ова допринесува до заштеда на енергија која би била беспотребно потрошена ако немате поставено мешачки вентил за одржување на посакувана температура.

Радијаторско и подно греење
Одржува константна температура на поврат до котелот (заштита од кондензација на котелот) и одржување на константна тем. во системот за греење. Со поставување на дополнителни радијаторски вентили со термо регулација на самите радијатори и комбинација на овој мешачки вентил со мотор два пати ќе заштедите енергија.
Одржување константа температура внатре во резервоарот за топла вода

Заклучок од изложениот пост кој можеме да го извлечеме е дека за подобар систем на греење и ладење дефинитивно треба да се инвестира во самиот старт на поставување на опремата за греење и ладење. Ова ќе допринесе до поидеални и покомфорни услови за живеење во вашиот дом или некој друг комерцијален објект.


Leave a Reply