
Се повеќе комплексни инсталации бараат цевка која е издржлива, квалитетна, лесна за употреба и секако со долг век на живот. Децении на знаење, искуство и модерен машински парк овозможуваат производство на алумпласт црево R999Y со висок квалитет и одлични перформанси, како дел од програмата на “Giacomini”. Сето ова не би било комплетно доколку не го спомнеме и пекс цревото R996Y чија карактеристика на обложеност со полиетиленски материјал го прави поинакво од алумпласт цревото, кое пак e заштитено и обложено со алуминиум. Овие два производа би можеле паралелно да ги разгледаме и да ги наведеме нивни карактеристки, бидејќи и двете често ги среќаваме при изведување на голем број активности. Giacomini алумпласт цревото е повеќеслојно, алуминиумско и полимерно, кое со својата структура обезбедува сигурност во употребата и неговото користење. Од друга страна, Giacomini пекс цревото претставува вкрстен полиетилен со силан, кое може да се користи, за дистрибуција на вода, во системот на ладење и системот на греење. Комбинацијата на познатите предности на цевките од синтетички материјал , како што се: висока флексибилност, брза и лесна инсталација и конзизтсентност при работата. Полиетиленските црева се изработени со антиоксигена бариера, која го спречува навлегувањето на воздухот во внатрешноста на цревата. Со цел да се добие комплетна слика на цревата, може да ги наведеме следните технички карактеристики: максимален работен притисок 10 bar, максимална работна температура 95°C, максимална највисока температура од 120°C. Алумпласт цревото се употребува во грејната и санитарната техника, за поврзување на грејни тела и подно греење.
Предностите на овие 2 производа се следните:
– едноставни за употреба
– лесно се виткаат и сечат со клешта, а сепак имаат стабилен и сигурен облик.
– отпорни на корозија и хемикалии
– непропустливи на кислород
Kога станува збор за овие црева, битно е да се знаат и некои основни правила за чување, одржување и мерки за претпазливост. Овие црева пристигнуваат во соодветни пакувања, треба да се чуваат на суви и затворени места, да не бидат изложени на сонце, блиску до запалливи материјали и до предмети со остри рабови кои можат да го оштетат цревото.
[…] се изработени од полетилен и уште ги нарекуваме како пекс црева. Најсовремените црева имаат и дополнителна заштита со […]