Секој човек кој има поставено радијаторско парно греење во својот дом дошол до проблемот со ладни радијатори, а при тоа котелот или пак градското парно работат со полна пареа. Ова се јавува заради воздухот кој навлегува во самите радијатори и кој го оневозможува влезот на топлата вода во радијаторот, како тој би ја постигнал максималната работна сила која е потребна за нормално загревање на просторијата во која е поставен.
1. Користење на автоматска штопна за радијатор.
Автоматската штопна за радијатор овозможува отстранување на гасовите создадени од секојдневното работење на системот за греење. Овие гасови во системите се јавуваат од различна природа (воздух, кислород, водород итн). Гасовите се штетни за секој систем за греење бидејќи можат да предизвикаат најразлични проблеми како на пример: звуци, воздушни балони низ цевките кои ја блокираат нормалната работа на радијаторите и појавување на корозија која му го скратува животниот век на радијаторот.
2. Карактеристики
Автоматската штопна за радијатор која ја произведува високо реномираната компанија Giacomini е резултат на континуирано истражување на пазарот и потребите кои се јавуваат на него за технолошки напредни и високо сигурносни производи. Самозатворачкиот дел на штопната е изработен од специјален пластичен материјал кој овозможува брза и лесна монтажа на секаков тип на радијатори изработени од челик, железо, алуминиум итн. Со поставувањето на автоматска штопна се добива на естетски изглед, кој одлично би им прилегал на сите типови радијатори без исклучок. Во внатрешноста на автоматската штопна има пловак со пропуслив механизам, кој е изработен врз основа на долгогодишно студирање и резултатот е редовно, навремено и бесшумно испуштање на воздухот од системот.
Правилното поставување на автоматската штопна овозможува нејзино нормално работење, која има вертикално поставено лонче за обезвоздушување кое го испушта вишокот на воздух од радијаторот, како што е прикажано на сликата. При монтирањето на автоматската штопна треба да се внимава отворот за испуштање на воздухот да биде секогаш вертикално поставен нагоре. Капачето кое се наоѓа на отворот за воздух треба да биде одвртено како би можел воздухот непречено да биде испуштен, во спротивно доколку го затвориме и затегнеме нема да може да ја работи својата функција и вишокот на воздух ќе остане заробен во радијаторот. Нормалното работење на Giacomini автоматската штопна може да биде попречено од нечиста вода во системот, која би го затнала отворот каде е поставена автоматската штопна. За да се избегне ваква ситуација неопходно е редовно чистење на радијаторите, како би имале максимални ефекти од работата на автоматската штопна.
4. Технички податоци
Автоматската штопна е изработена од хром и месинг дизјанирана да одговара на секој тип на радијатор. Максималната работна температура на автоматската штопна е 120 °C, максимален работен притисок е 14 бари и големина на навој од 1” и 1 ¼”.
За крај може да заклучиме дека со поставувањето на автоматска штопна и редовно чистење на радијаторите нема да имате никаков проблем околу загревањето на просторијата во која е поставен самиот радијатор. Ова ќе придонесе и до продолжување на животниот век на радијаторот како и одавање на максималната можна топлина во просторијата за која е наменет.
Leave a Reply