Како да заштедите и во топлите пролетни денови
Бидејќи сме на почетокот на пролетниот период, ние решивме да споделиме неколку практични совети, како да ја намалите потрошувачката на електрична енергија за производство на топла санитарна вода.
1. Инсталирајте сончев колектор за топла вода. Македонија има погодна клима со многу сончеви денови и висок интензитет на сончево зрачење и со самото тоа инвестицијата за поставување на сончев колектор ќе ви се исплати за неколку години.
2. Инсталирајте еднорачна славина за топла и ладна вода бидеќи така многу побрзо ќе ја добиете посакуваната тепература, а со тоа ќе заштедите на енергија и вода.
3. Ако славината за топла вода тече или капе кога е во затворена положба, треба веднаш да се поправи (замени). Течењето на топла вода низ затворена славина е загуба на топлинска енергија добиена од бојлерот. Тоа е загуба на пари и уште повеќе ќе се зголемат трошоците за вода.
4. Наместо електричен бојлер може да се инсталира бојлер на природен гас ( ако се има приклучок на гасоводна мрежа).
5. Кога ги вршите вашите секојдневни навики во бањите, пуштајте ја водата по потреба бидеќи ако топлата вода тече непрекинато цело време, непотребно ќе се потроши повеќе топлинска енергија.
6. Исклучете го бојлерот за топла вода ( да не грее ) доколку сте надвор повеќе од еден ден. Иако бојлерот има топлинска изолација тој оддава топлина на околниот воздух. Пример, ако се загрее водата и бојлерот не се користи 24 часа тој сам по себе ќе се олади со одавање на топлина на околниот воздух.
7. Користете туширање наместо капење во полна када.Со Туширањето се троши помалку топла вода.
8. Одберете батерија за туш која прска рамномерно и со ситни капки.
9. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода на максимум. Колку е теператруата на водата повисока, толку повеќе се оддава топлина кон воздухот.
10. Ако бојлерот е оштетен од него постојано ќе протекува топла вода, а тоа е загубена енергија. Во тој случај се препорачува замена со нов бојлер.
11. Уште во фазата на градење треба да се постави изолација за топла вода на цевките бидеќи на тој начин ќе се спречат топлинските загуби од топлата вода во цевките кон ѕидовите. Користењето на топла вода е најчесто со многу паузи. При секоја пауза топлата вода во цевките бргу ќе се оладува ако тие не се изолирани. Тогаш треба да се чека да истече тоа количество оладена вода додека да стигне топлата, така ќе губиме топлинска енергија и се троши повеќе вода, а со самото тоа и повеќе пари.
Leave a Reply