Сончевата енергија веќе во големи количини се користи како обновлив извор на енергија во објектите за домување и деловните објекти. Во зависност од начините на кои може истата да ја користиме, за добивање на топлинска енергија и за добивање на електрична енергија, таа наоѓа широка примена и висок степен на искористеност.
За добивање на топлинска енергија се користат сончевите колектори кои ја колектираат/акумулираат сончевата енергија во топлинска енергија за загревање на санитарна вода. Постојат и сончеви панели кои се составени од серија фотовалтични ќелии кои сончевата енергија директно за претвараат во електрична енергија.
Исползувањето на сончевата енергија се врши преку сончевите колектори кои согласно методот на циркулација на водата се делат на активни ( кои циркулираат со пумпа) и пасивни (работат со помош на разликата на густината на водата при различна температура). Секој метод на циркулација има сопствени предности и потребна е соодветна инсталација на истите.
*ПУМПЕН СИСТЕМ
Овој активен или Сплит систем, користи пумпа за циркулација на водата помеѓу колекторот и резервоарот. Во овој случај протокот на вода е контролиран од страна на автоматски контролер и овој систем е навистина пофлексибилен. Контролниот панел и пумпата заедно обезбедуваат подобрен систем кој нуди многу поголема контрола над максималните и минималните температури и вклучува функции, како што се заштита од замрзнување и прeгревање. Овој систем е под притисок и освен досега наведенети елементи бара и експанзионен сад, неповратни вентили и сл.
*ТЕРМОСИФОНСКИ СИСТЕМ
Овој систем е исто така познат како пасивен систем, кој не бара пумпа за циркулација на вода туку се потпира на разликата во густината на водата при различна температура, со што потоплата вода се издига до највисоката точка. За да може овој систем да функционира, резервоарот треба да биде поставен над колекторот. Не постои директна контрола врз циркулацијата на водата и оттаму произлегува и ограничената контрола над температурата на водата. Во типичен термосифонски систем се препорачува да се постави и термостатски вентил,со цел да се избегне превисока температура на топлата вода.
*РАМНИ КОЛЕКТОРИ
Рамните колектори претставуваат слој од мрежа на цевки со мал профил, поставени на бакарни апсорбери, ѕидовите и основата на колекторот се изработени од алуминиум, а горното стакло е нерефлектирачко. Водата поминува низ серија бакарни цевки во внатрешноста на колекторот, каде што топлината се пренесува од апсорбирачките плочи на водата. Рамните колектори често се користат кај пумпните системи, но има и такви кои добро се прилагодени на термосифонските состеми.
*ВАКУУМСКИ КОЛЕКТОРИ
Се составени од вакуумски стаклени цевки, соброј кој зависи од системот. Вакумската цевка е направена од 2 концентрични стаклени цевки помеѓу кои постои вакум за добра изолација и загуба на топлина. Внатрешната стаклена цевка е обложена со индустриска апсорбирачка глазура која го претвара УВ зрачењето во топлинска енергија и ја задржува енергијата. Кружните облици на цевките овозможуваат сосекој момент на поставеност на сонцето да ја апсорбираат неговата енергија. Дебелината на надворешната цевка треба да биде мин. 2мм, за да се обезбеди заштита на колекторот од град. Системите со вакуумски цевки се најчесто дел од термосифонските системи.
Leave a Reply